20 Декември, 2025
0.1556

Кој се всели во стоковната куќа „Мост“ во скопската чаршија?

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 21:08

Добивај вести на Viber

Стоковната куќа „Мост“ во скопската чаршија станува универзитет. Во неа се сели Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) од Тетово кој држи предавања и во Скопје. Веќе има 900 студенти, а според најавите од годинава ќе бидат воведени и докторски студии на ЈИЕУ во Скопје. Објектот го отвори ректорот Замир Дика, кој истакна дека  новата модерна зграда доликува за универзитет од третата генерација. Тој исто така информираше дека во годинава на ЈИЕУ се запишале 20 отсто повеќе студенти во споредба со минатата година . „Единствени во светот сме зашто сме основани со заеднички напори од САД и од Европската унија, кои не секогаш се согласуваат добро. Ваквото финансирање е огромно достигнување во цел свет и треба да бидете горди на тоа,“ истакна на отворањето и претседателот на Одборот на Универзитетот Денис Фарингтон. Според заменик-министерот за образование и наука, Сафет Незири ЈИЕУ се покажал успешен на национално и на меѓународно ниво, зашто овозможува студирање на неколку јазици, на повеќе од 70 студиски програми, а е опремен и со напредна технологија. Тој додаде и дека не случајно се наоѓа во објект што се викаше „Мост“ зашто ќе ги интегрира Македонците и Албанците и ќе ги обедини во нивното знаење и во желбата за наука. На првото рангирање на универзитетите во Македонија пред две години, Универзитетот на Југоисточна Европа попознат како Штулов универзитет, беше на второ од 19 места.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии