18 Декември, 2025
0.0561

Кој си ја купи струмичката бања за 3,7 милиони евра кеш?

Објавено во: Економија 19 Март, 2021 07:16

Добивај вести на Viber

Во корона криза некој одлучи да инвестира во здравствена установа, прочуена по својата лековита термална вода. Станува збор за превземање на бањата „Цар Самуил“ од струмичко Банско при што се купени 75,5 отсто од акциите со право на глас за 3,73 милиони евра. Цената е 3.205 денари или 30 отсто повеќе од последна цена постигната со таа акција на нашата берза

Познатата здравствена установа „Цар Самуил“ со седиште во струмичкото село Банско од понеделник има нов сопственик. Овој хотелски капацитет прочуен како ревматско лекувачиште вчера на слободниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност во две блок трансакции е купен од засега непознат купувач. Новиот сопственик плати 3,73 милиони евра за 71.679 акции што значи 75,5 отсто од сите акции со право на глас во оваа здравствена компанија.

И двете блок трансакции се реализирани по единствена цена за акција од 3.205 денари за акција. Претходната цена по која се тргувала таа акција изнесува 2.460 денари.

Јавно достапните податоци за бањата „Цар Самуил“ се скудни, но од тоа што е достапно, според базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) тоа друштво во 2019 година имало приходи во износ од 960.000 евра и тоа претставува намалување од 10 отсто во однос на претходната година. Добивката во таа година достигнала 90.000 евра и е за десет пати поголема од 2018 година.  

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа