19 Април, 2024
0.0284

Кој универзитет има произведено најмногу милијардери?

Објавено во: Стил 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Знаењето е клуч на успехот. Но, каде вреди да се студира? Еден американски портал спроведе анкета од кој универзитет произлегле најмногу милијардери. Еве ја листата од десетте, во чиј ранг се наоѓа и еден европски универзитет. 10. Универзитетот  Кембриџ, Велика Британија - Број на милијардери од универзитетот: 11 Овој универзитет не само што е еден од најстрите кој потекнува од 1209 година , туку е познат и по својата научно истражувачка работа. Поточно Кембриџ е универзитет кој има произведено најголем број на добитници на Нобелова награда. Животот во овој универзитет е многу удобен ако се земе в предвид и цената  потребна за школарина. 9. Универзитетот Јеил, Конектикат, САД - Број на милијардери од универзитетот: 13 Мотото на овој универзитет е “Lux et veritas“„- светлина и вистина. Во овој универзитет студирале тројца од последните четворица претседатели на САД-Џорџ Буш, Бил Клинтон, Џорџ Буш Јуниор. Универзитатот во Јужна Калифорнија, Калифорнија, САД - Број на милијардери од универзитетот: 14 Мотото на овој универзитет е - нека силата биде со вас. Овој универзитет е познат по академијата за сценски уметности. 7. Универзитетот Корнел, Њујорк, САД - Број на милијардери од универзитетот Корнел: 14 Универзитетот е именуван по Езра Корнел, основач на „Вестерн унион„.  Езра Корнел во 1965 година го понудил својот имот за изградба на универзитетот. Од овој универзитет исто така има добитници на Нобелова награда. Универзитетот Корнел има свои филијали во Катар. 6.   МИТ(Масачусетс- институт за технологија), САД - Број на милијардери од МИТ: 15 Мит е еден од најпознатите универзитети за студии по математика,природни и технички науки. Повеќето  од милијардерите од овој универзитет се од машка популација (96%). 6.Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД Овој универзитет и Мит го делат шестото место. Колумбија универзитетот се наоѓа во срцето на Њујорк. Во  овој универзитет секоја година се доделува Пулицеровата награда за најдобро новинарско остварување.   4. Универзитетот Њујорк, Њујорк, САД - Број на милијардери: 17 Овој универзитет има најмногу жени меѓу дипломираните студенти, и се карактеризира како универзитет  кој има произведено  „само-направени„ милионери (создале  дури 74% од богатството, а остатокот им е наследен). Главното мото на универзитетот е „бидете упорни и прекрасни“. 3. Универзитетт Стенфорд, Калифорнија, САД - Број на милијардери: 27 Атмосферата на овој универзитет не само што ги мотивира студентите да работат и напредуваат, туку и самиот универзитет од тоа профитира-универзитетот во 2012 собрал донации во вреднст од една милијарда долари. 2. Универзитетот во Пенсилваниј, САД - Број на милијардери: 28 Многу милијардери се свесни и знаат кому да се заблагодарат за нивното богартство. Овој универзитет често добива донации од милијарда долари. Претприемачот Роберт Б  Коен   напишал „дебел„чек како донација под услов една од зградите на универзитетот да биде именувана по неговата почината ќерка која била новинар во  Њујорк Пост. 1. Универзитетот Харвард , Масачусетс, САД - Број на милијардери: 52 Не само што е најстариот универзитет основан1636 година, туку е еден од најдобрите  и се најде на врвот на Wealthx ранг листата. На овој универзитет студираа  Џон Кенеди, Принцот од Данска, Бил Гејтс, Марк Цукерберг  и др.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган