Кој влезе во Надзорен на КБ Прво пензиско друштво
Објавено во: Финансии 21 Август, 2018
Нина Фити Неделковска и Марко Андонов се нови членови на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво. Професерот Андонов е избран за нов независен член на друштвото со одлука на Собранието на акционери. Тој и Фити Неделковска доаѓаат на испразнетите места во Надзорниот одбор, откако им истече мандатот на Милица Георгиева и на Сашо Арсов.
За членови се реизбрани и Аленка Жнидаршич Крањц и Јанез Крањц.
Изборот и резиборот го одобри Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)