29 Март, 2024
0.0290

Кој во Македонија направи милиони евра продавајќи струја од сонце?!!!

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Сите шест милионерчиња заедно од 2012 година до сега произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!!!

Сонцето е извор од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ даваше солидни стимулации. За нештата да станат појасни:  за еден произведен мегаватчас струја некои производители на струја од сонце наплаќаат 410 евра. За споредба тоа е десет пати повеќе од цената за произведената струја што ја наплаќа од државата најголемата домашна компанија ЕЛЕМ.Од 2011 година до сега повластената тарифа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас па на сегашните 120 евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце. Ги пржи ли сонцето претворено во струја џебовите на сите нас граѓани и фирми кои во крајна линија го плаќаме овој „луксуз“?

Кои фирми се милионерчиња од производство на струја од сонце?

„Мегасолар ДООЕЛ“, скопска фирма која има фарма за производство на струја во селото Гермијан, во општина Новаци, битолската околија е убедлив лидер во производство на струја од сонце во категоријата заработени пари! Од официјалните податоцо од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) фирмата „Мегасолар“ досега инкасирала 3,825 милиони евра од продажба на 9.329 мегавати струја. Таа е повластен производител кој во јули 2011 година доби привилегирана цена од 410 евра за мегаватчас струја. Оваа фирма има лиценца за продава струја по 410 евра за мегаватчас до 2031 година. Ако се земе во предвид колку пари добиле за околу 30 отсто од каренцата на лиценцата, а не знаеме колкава била инвестицијата во централата, во крај на 2031 година реално е да очекуваат приход што во најпесимистичка варијанта ќе надмине 12 милиони евра. Ако се земе во предвид дека производството на оваа соларна централа од почетокот до сега е доволно да ги задоволи потребите за струја на цела Македонија за одвај 8 часа прашање е дали вредело да се инвестира во ова? Колку школи, детски градники или болници ќе чини производството на „Мегасолар“ до 2031 година?

„Торпедо Солар“ е сончева централа лоцирана во битолското село Егри. Од декември 2012 година до сега со повластената цена од 260 евра за мегаватчас оваа сончева централа имала приход од 1,97 милиони евра.  Нејзиниот инсталиран капацитет е речиси еден мегават, а досега на мрежа предала 7.577 мегаватчасови електрична енергија.

На листата милионерчиња е повторно битолска компанија – АБ Солар Битола која има две централи во демирхисарскиот регион поточно во Суводол. Двете централи имаат привилегирана цена од 260 евра за мегаватчас, а досега заедно предале 7.275 мегаватчасови струја. За тоа АБ Солар Битола наплатил вкупно 1,89 милиони евра. Овие сончеви централи работат од 2013 година.

На четврто место е уште една пелагониска централа управувана од скопска фирма. Станува збор за компанијата„Солартек“ која има производна единица со инсталиран капацитет од 1 мегават поставен во прилепското село Старо Логово. Од 2013 година до сега предале 7.265 мегавачасови електрична енергија и за тоа имаат приход од 1,889 милиони евра. Мегават струја продаваат за 260 евра.

Петтата позиција е резервирана за една централа од Штип. Фирмата е „Текома“ поставена е инсталацијата кај селото Долани, а инсталираниот капацитет е 777 киловати. Мегават струја продаваат по цена од 260 евра, работат од 2012 година, а досега произвеле и предале 5.595 мегаватчасови струја за штонаплатиле 1,455 милиони евра.

Последниот шести милионер е скопската фирма „Отворена енергија“ која има соларни панели кај селото Дуброво во близина на Неготино. Од почеток на 2014 година до сега по цена од 260 евра за мегаватчас продала 5.078 мегаватчасови електрична енергија. Нејзините приходи од привилегираната тарифа досега се 1,320 милиони евра.

Сите шест милионерчиња заедно за сите тие години произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!!!

„Фактор“ во оваа прилика јавно се заблагодарува за соработката на надлежните лица од Регулаторната комисија за енергетика за доставените податоци. РКЕ покажува дека е лидер во транспарентност чиј пример можат да го следат и другите јавни институции.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра