19 Декември, 2025
0.1209

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Објавено во: Економија 23 Април, 2024 09:01

Добивај вести на Viber

Јагнињата стивнаа, а струмичката компанија „Кланица со ладилник“ инкасираше 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко на хрватскиот пазар. Католичкиот Велигден на оваа струмичка фирма и донесе профит од 1,07 милиони евра за првите три месеци годинава

Струмичката компанија „Кланица со ладилник“ во првиот квартал годинава направи профит поголем од 1 милион евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на таа компанија за првиот квартал годинава.

Во првите три месеци (читај март н.з.) оваа компанија успеала да оствари извоз вреден 1,5 милиони евра. Станува збор за извоз на јагнешко месо за католички Велигден. Ова е потврдено и во објаснувањето кон финанскискиот извештај, објавено на сајтот на берзата, во кое е наведено дека целиот извоз на јагнешко месо бил пласиран во Хрватска и дека во најголема мерка тоа е за потребите на потрошувачите за католички Велигден.

Официјалните податоци покажуваат дека годинава за првите три месец нивниот извоз пораснал за 51 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Вкупните приходи од продажба на „Кланица со ладилник“ за првиот квартал изнесуваат 1,89 милиони евра и најголем дел од нив се од извоз на јагнешко место во Хрватска. Во структурата на приходите продажбата на друго месо (веројатно продажбата дома н.з.) учествува со 245.000 евра, а од други услуги (за колење) компанијата инкасирала нешто над 100.000 евра.

Трошоците на компанијата во овој период изнесувале 819.000 евра и биле на исто ниво како и во првото тромесечје лани. Тоа придонело добивката годинава да биде за 70 отсто повисока во однос на претходната година. Таа изнесува 1,07 милиони евра.

Достапните податоци за компанијата покажуваат дека ова друштво драстично ги зголемило своите приходи лани во однос на 2022 година. Вкупно од продажба инкасирало над 4,5 милиони евра што е 2,4 пати подобро од 2022 година.

Доминантен сопственик на „Кланица со ладилник“ од Струмица е струмичката компанија „Ронибет“која поседува 77,3 отсто од акциите со право на глас. Интересно е тоа што оваа струмичка компанија има повеќе од 1.300 мали домашни акционери – физички лица кои поседуваат 21,5 отсто од акциите.

Со компанијата управува трочлен управен одбор со кој претседава Александар Ричлиев. 

Р.Ф.

foto freepik.com


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии