30 Април, 2024
0.0235

Кој живее во најскапиот станбен комплекс на светот?!

Објавено во: Стил 07 Март, 2013

Добивај вести на Viber

„One Hyde Park“ е станбен и трговски комплекс, кој се наоѓа во Лондон. Луксузниот комплекс беше изграден во 2009 година, но поради високата цена на квадратен метар, продажбата оди бавно. 86-те станови што се нудат имаат цена од околу 20 милиони фунти. „One Hyde Park“ важи за најскапиот станбен комплекс во светот, а сопствениците овде исто така се чуваат во строга тајност. Како резултат на шест месеци истрага, новинарите сепак дознаа кои се сопственици на најскапите имоти во светот, пишува „The Daily Mail“. Еден од првите купувачи на VIP-становите тука е украинскиот милијардер Ринат Ахметов, кој плаќа за станот рекордни 221 милиони долари. Апартмани оведе имаат и сопствениците на компанијата-градител на комплексот, браќата Кенди. Кристијан Кенди поседува два апартмани на различни катови, во вредност од околу 86 милиони долари. Неговиот брат, Ник, кој неодамна се омажи за популарната пејачка Холи Валнс, има свој апартман. Другите членови на конзорциумот на проектот „Grande“ купиле осум апартмани. Премиерот на Катар, Хамад бин Џасим ал Тани, кој е еден од инвеститорите во проектот и е познат по својата љубов кон луксузни недвижности, има трикатен стан од 18 милиони долари. Исто така на листата на сопствениците се наоѓаат имиња како Шеикот на емиратот Шарж од ОАЕ, Мохамед Султан Сауд ал Касими, рускиот милионер Владислав Доронин и моделот Наоми Кембел, како и металуршкиот крал на Казахстан, Владимир Ким. Новинаритедознаа и дека само 17 од 76-те станови ќе се користат како дом - останатите се купени од офшор магнати, за да регистрираат бизнис во Велика Британија. Поради малиот број жители, големиот 21-метарски базен, сауната и спортските сали во комплексот се речиси празни, а главниот готвач на ресторанот се жали дека нема нарачки и мора да седи без работа со недели.