24 Април, 2024
0.0399

Која банка има профит од 7 милиони евра за три месеци?

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Секоја акција на „Комерцијална банка“ за првите три месеци годинава носи добивка од 200 денари. Вкупниот профит по оданочување надмина 7 милиони евра. Профитот е преполовен во однос на истиот период лани, но тогаш се случи феноменалната наплата на побарувањата од „Фени“ нешто што тешко може да се повтори. Банката има пад на нето приходот од камати, а вложувањата ги алоцира од кредити кон хартии од вредност и заеми на други банки

„Комерцијална банка“ во првите три месеци годинава има нето приходи од камати во износ од 9,35 милиони евра и тие се за 1,5 милиони евра односно за 14 отсто пониски од нето приходите во истиот период лани.

Вкупните приходи од камати за периодот јануари-март годинава се за 1,44 милиони евра пониски од приходите во истиот период лани. Минимално, но сепак важно, е да се истакне дека кај банката годинава има тренд на раст нарасходите за камати кои ги плаќа банката. Тие се 2,92 милиони евра и се за 59.000 евра поголеми од расходите за камати лани во првиот квартал. 

Наспроти падот на нето приходите од камати менаџментот на банката успеал да компензира делумно со зголемените нето приходи од провизии и надоместоци. Тие се за 500.000 евра поголеми од нето приходите од провизии и надоместоци лани и изнесуваат 3,78 милиони евра. Од останатите приходи од дејноста (воглавном продажба на заложен имот н.з.) банката реализирала 1,38 милиони евра и тоа е неспоредливо во однос на истиот квартал лани кога од таа ставка приходот бил 8,4 милиони евра.

Сума сумарум од овие три најзначајни ставки приходот на банката е 13,65 милиони евра.

На расходната страна најголема ставка е трошокот за вработените. Тој изнесува 3,26 милиони евра и е за нијанса повисок од тоа што е платено во истиот период лани. Останатите расходи од дејноста се на ниво од 2,4 милиони евра и се за малку повисоки од претходно споредуваниот период. Значајна разлика во однос на лани има кај резервациите. Тие се на ниво од 1,67 милиони евра, неспоредливо со лани кога заради ослободувањето на резервацијата по наплатата на побарувањето од „Фени“ банката книжеше ослободени повеќе од нови резервации од 8,4 милиони евра. Вклучително и амортизацијата расходната страна на билансот е на ниво од околу 8 милиони евра.

Во овој квартал „Комерцијална банка“ остварила нето добивка од 7,07 милиони евра. Тоа во споредба со лани , што беше исклучително добра година, е намалување на добивката за 8,1 милиони евра односно преполовување на профитот.Добивката за овој квартал е 3,2 евра по акција односно околу 200 денари.

Кредитирањето намалено, расте вложување во државни обврзници

Од билансот на состојба е евидентно дека стратегијата на банката во првите три месеци е реалокација на средствата од кредитирање кон вложување во хартии од вредност (во нашиот случај државни обврзници н.з.). На крај на март годинава нивото на кредитни пласмани на оваа голема банка е 741 милиони евра што е за 13,57 милиони евра помалку во однос на крајот на 2018 година.

Вложувањето во хартии од вредност на крај на март годинава е на ниво од 227,23 милиони евра и е за 26,9 милиони евра повеќе од крајот на 2018 година. За 40 милиони евра односно за 100 отсто банката го зголемила и вложувањето во другите банки. Овие индикатори укажуваат дека постои значајна веројатност банката да прави реалокација во нови извори на вложување заради тоа капацитетот на вложувања во стопанство и граѓански сектор во форма на кредити е близу оптималното или пак овие нови форми на вложувања се повеќе профитабилни или се со помал ризик. И на крај нивото на депозити е на „влакно“ од прихолошката бариера од 100 милијарди денари и изнесува 1,62 милијарди евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?