05 Јули, 2024
0.1935

Која банка ја има најуспешната година во постоењето? Добивката е 52 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка поставува стандарди во работењето во острата конкуренција на другите големи банки. Извонреден раст на нето приходите од камати, зголемување на кредитирањето, без резервации за лоши кредитни пласмани, солидни приходи од надоместоци и провизии, но и од курсни разлики и продажба на запленет имот. Сума сумарум за крај на корпоративната 2023 година е рекордната добивка која е за 32% поголема од 2022 година!

НЛБ Банка ја има најдобрата деловна година во своето дводецениско работење на македонскиот банкарски пазар. Оптимизацијата на деловните процеси и максимизацијата на деловните ефекти од нив на оваа голема македонска банка во 2023 година и донесоа рекордна добивка од 52,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи кои деновиве ги објави НЛБ Банка Скопје.

Анализата на податоците покажува дека овој извонреден успех е комбинација од зголемувањето на пазарната позиција (нето приходи од камати, провизии и надоместоци) во комбинација со банкарски пласмани кои во крајна линија резултираа со завршување на годината без резервации за ризични кредити.

Дополнително банката успеала лани да го одржи нивото на нето приходи од курсни разлики и дополнителните приходи од дејноста на високо ниво.

Од најголемата приходна ставка – нето приходите од камати лани банката остварила нето прилив од 64,56 милиони евра. Тоа е за 23 отсто односно 12,25 милиони евра подобро од 2022 година. Очигледно дека банката одлично ја искористила позитивната конјуктура на каматниот пазар.

Втората најголема приходна ставка – нето провизиите и надоместоците на банката лани и донеле нето приход од 21,55 милиони евра. Тоа е за 5 отсто подобар резултат од претходната споредбена година.

Од помалите приходни ставки банката лани остварила 12,1 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се приходи од курсни ралзики, а 6,1 милиони евра се од останатите приходи од дејноста.

И сега пресудниот момент за нето добивката. Нема резервации за ризични пласмани! Само за споредба на крај на 2022 година резервациите (кои се книжат како трошок н.з) изнесувале 4,8 милиони евра. И дополнително на тоа банката книжи 2,5 милиони евра позитивно салдо односно приход наместо оштетување нефинансиски средства.

Сума сумарум приходите на банката од деловните активности лани и донеле нето прилив поголем од 101 милиони евра.

На страната на трошоците доминира грижата за вработените на НЛБ Банка. За нив банката во 2023 година издвоила 19,28 милиони евра што е за 1,77 милиони евра повеќе од 2022 година. Очигледно дека вработените се одолжиле со лојалност и продуктивност, а тоа го покажува и финансискиот резултат. На амортизација се книжени 4,23 милиони евра, а во групната ставка на останати расходи се прикажани трошоци од 18,75 милиони евра.

Тоа дава нето добивка од 52,3 милиони евра за 2023 година. Сите акционери на НЛБ Банка мора да бидат презадоволни од менаџментот и од вработените затоа што благодарение на нив нето профитот на НЛБ Банка е зголемен за 12,25 милиони евра односно 32 отсто во споредба со 2022 година.

Од билансот на состојба е видно дека НЛБ Банка имала извонредна година и од аспект на пазарно учество изразено преку кредитните пласмани. На крај на 2023 година нивото на кредитирање (пласмани кон граѓани, фирми и институции н.з.) надминува 1,2 милијарди евра и во однос на претходната година е подобро за речиси 50 милиони евра.

За сметка на тоа има мало намалување кај вложувањата во обврзници. На крај на 2023 година вредноста на вложувања во државни обврзници е 257,7 милиони евра и е намалена за 8,9 милиони евра.

Интересен и важен параметар од билансот на состојба е тоа што е намалена вредноста на превземени средства за 1,6 милиони на крај на 2023 година во споредба со една година порано. Сега нивната вредност според билансот е пола милион евра.

Вредноста на депозитите што ги чува НЛБ Банка на гражани и фирми бележи зголемување од 38 милиони евра и на крај на 2023 година ја надмина границата од 1,5 милијарди евра.

Вкупните парични средства и нивните еквиваленти на крај на декември лани вределе 364,9 милиони евра што е за 25,8 милиони евра повеќе од 2022 година. 


Можеби ќе ве интересира

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?