19 Декември, 2025
0.1467

КОЈА БИТОЛСКА ФИРМА ГО СТЕГНА РЕМЕНОТ И СО ТОЈ ПОТЕГ ЈА ДУПЛИРА ДОБИВКАТА? Профитот достигна 794.000 евра!

Објавено во: Економија 24 Март, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

Битолската Фабрика за квасец и алкохол покажа дека одличен резултат може да се оствари и кога се намалени приходите од продажба. Успеаја да направат рационализација и кратење на трошоците на двете најкрупни групни расходни ставки и со тоа ја дуплираа добивката

Битолската Фабрика за квасец и алкохол, единствена таков производител во Македонија, покажа дека може да се зголемува и кога се крати. Менаџментот на таа компанија успеа да ја удвои добивката во 2024 година кратејќи ги трошоците и намалувајќи ја продажбата во спроедба со 2023 година.

Нето профитот на битолска Квасара за 2024 година изнесува 794.000 евра и тоа е двојно подобар резултат од 2023 година. Остварен е со намалена продажба, но што е поважно со значајно кратење на трошоците.

Приходите од продажба лани изнесуваат 10,5 милиони евра. Тоа е за 841.000 евра помалку од претходната 2023 година. За потрошен материјал компанијата во 2024 година платила 5 милиони евра и на тоа менаџментот заштедил 1 милион евра. Значаен рез е направен и кај останатите оперативни расходи. За таа ставка во тек на 2024 година се платени 2,3 милиони евра, а се заштедени 898.000 евра во споредба со 2023 година.

Така на овие две најголеми расходни ставки Квасара заштедила 1,9 милиони евра односно во целост го анулирала падот на продажбата лани во споредба со 2023 година.

Но затоа пак компанијата внимавала на мотивацијата на своите вработени. Трошоците за плати во 2024 година растат за 126.000 евра и достигнуваат 1,32 милиони евра.

Сегмент во кој Квасара може да го подобри работењето односно да ја зголеми добивката се финансиските расходи. Имено сега нејзината изложеност кон банките (барем во најголема мерка н.з.) креира финансиски расходи од 233.000 евра. Факт е дека тие се намалени за 105.000 евра во однос на 2023 година, но тука има простор за многу поголемо подобрување.

Битолска Квасара за својата добивка на државата платила 93.000 евра данок на добивка.

Од билансот на состојба се гледа дека на крајот на 2024 година во структурата на обврски најголемо учество имаат долгорочните обврски со 3,88 милиони евра. Следуваат краткорочните кредитни обврски со 2,13 милиони евра и обврските кон добавувачите со 1,7 милиони евра. Капиталот, резервите и акумулираната добивка изнесуваат 10 милиони евра на крајот на 2024 година.

Н.С.


Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите