13 Март, 2025
0.0262

Која државна фирма „се врати од мртвите“ така што од продажба направи 89 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2023 09:45

Добивај вести на Viber

ТЕЦ „Неготино“ лани ги живееше „своите 5 минути“! Старата добра „мазутара“ (како што популарно ја нарекуваат енергетичарите) лани направи струја за 89 милиони евра, а успеа да направи и профит од 1,3 милиони евра! Според официјалните податоци на независната ревизија компанијата книговодствено кажано „се врати од мртвите“ затоа што амортизацијата на крај на 2022 година е 65,9 милиони евра

Неготинската термоцентрала што работи на мазут ТЕЦ „Неготино“ лани продаде електрична енергија за 89 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија достапни и на веб страницата на Македонската берза.

Познато е дека цела висока сезона (читај зимска) лани ТЕЦ „Неготино“ работеше без прекин за потребите на ЕСМ (државната компанија за производство на струја). И покрај тоа што работи на мазут и е голем загадувач немаше избор и неопходно беше да се вклучи ТЕ „Неготино“. Прво затоа што ЕСМ не можеше сам да задоволи доволни количества на струја, а второ затоа што цената на електричната енергија на берзите беше толку висока и стабилна што ТЕЦ „Неготино“ стана рентабилен за за прв пат во неговата 40 годишна историја.

Приходот од продажба на струја што лани го направи ТЕЦ Неготино е 11 пати поголем од приходот во претходната 2021 година. 

Во структурата на трошоци убедливо најголемо учество има трошокот за набавка на мазут. А таа тема беше обемно и детално разработувана од македонските национални медиуми во повеќе наврати. Затоа што тендерот за набавка на мазут имаше специфички услови кои овозможија една фирма која претходно ни од далеку немала толкав обем на работа да го добие целиот бизнис за набавка на мазут.

Според ревидираните податоци трошоците за производство на енергија изнесуваат 83,5 милиони евра.

Втора ставка во структурата на трошоците се вработените. За нив ТЕЦ „Неготино“ исплатил 2,5 милиони евра. Тоа значи дека бруто месечната плата за секој од 210 вработени лани изнесувала 940 евра. Односно нето просечна плата во компанијата изнесувала нешто помалку од 700 евра.

Претходната година дури неготинската компанија дала и дивидедна од 376.000 евра. Годинава веројатно Владата ќе добие повисока дивиденда затоа што добивката на мазутарата е 1,2 милиони евра.

Најинтересен факт, од економски аспект, е тоа што централата е речиси во целост аморитизирана односно нејзината книговодствена вредност согласно сметководствените стандарди е ниска. Но тоа пак од друга страна позитивно влијае врз добивката на компанијата. ТЕЦ „Неготино“ може да работи уште многу часови. Особено ако добие приклучок на природен гас кој ќе го замени мазутот и компанијата ќе стане еколошки прифатлива за околината во која работи.

Р.Ф.

foto freepik.com/marketlan

Можеби ќе ве интересира

СОСТАНОКОТ ВО ЏЕДА „СТРЕСЕ“ ДВЕ ВАЛУТИ: Што се случува со еврото и рубљата?

СОСТАНОКОТ ВО ЏЕДА „СТРЕСЕ“ ДВЕ ВАЛУТИ: Што се случува со еврото и рубљата?

БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава

БОЖИНОВСКА-ШАХБАЗОВ: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа – Азербејџан подготвен веднаш да соработува со земјава

УЈП СО ПОТСЕТУВАЊЕ - земјоделци, занаетчии, трговци поединци до 17 март треба да поднесат Годишен даночен биланс

УЈП СО ПОТСЕТУВАЊЕ - земјоделци, занаетчии, трговци поединци до 17 март треба да поднесат Годишен даночен биланс

Геополитичките неизвесности ги потресуваат берзите

Геополитичките неизвесности ги потресуваат берзите

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

ВРАБОТУВАЊЕ ВО АРМИЈАТА: Мисајловски ги соопшти деталите

ВРАБОТУВАЊЕ ВО АРМИЈАТА: Мисајловски ги соопшти деталите

АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, АЛАТ, ПЛАСТИКА, МЕСО, МОРСКИ ПЛОДОВИ - ЕУ возвраќа на ударот, еве за кои американски производи воведува царини

АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, АЛАТ, ПЛАСТИКА, МЕСО, МОРСКИ ПЛОДОВИ - ЕУ возвраќа на ударот, еве за кои американски производи воведува царини

ПИВОТО И СОКОВИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧНИ ПАРИ, АМА „КАПНАЛО“ И ОД ДРУГО МЕСТО - еве како „Прилепска пиварница“ паметно работела и оствари чист профит од 2,3 милиони евра

ПИВОТО И СОКОВИТЕ ДОНЕЛЕ ОДЛИЧНИ ПАРИ, АМА „КАПНАЛО“ И ОД ДРУГО МЕСТО - еве како „Прилепска пиварница“ паметно работела и оствари чист профит од 2,3 милиони евра

СТАПИЈА НА СИЛА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Вредат за цел свет

СТАПИЈА НА СИЛА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Вредат за цел свет