19 Декември, 2025
0.0545

Која е државната фирма што дели најголема просечна плата? Изнесува 1.000 евра!

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2022 07:55

Добивај вести на Viber

ГА-МА добро ги плаќа своите вработени. Лани за нив се исплатени вкупни бруто трошоци од 1,1 милиони евра односно бруто со вклучени придонеси на месечно ниво просечно вработен ја чинел ГА-МА 1.500 евра. Просечната нето плата по одбивањето на придонесите е нешто повеќе од 1.000 евра. Ваква плата и приличи за вработени во претпријатие кое управува со главната гасоводна цевка во Македонија

ГА-МА има подобра просечна плата од ЕСМ и од МЕПСО, и со тоа го понесе епитетот за државна енергетска фирма која најдобро ги плаќа своите вработени.

ГА-МА од втората половина на минатата година е целосно државна компанија откако Владата и „Макпетрол“ постигнаа договор и приватната компанија ги отстапи своите акции за соодветен паричен надоместок.

ГА-МА вработува вкупно 58 лица од кои петмина се членови на Одборот на директори.

Компанијата управува со главниот гасоводен систем и за својата работа наплаќа регулирана тарифа која е утврдена од РКЕ. Има една подружница и тоа е подстаницата за гас кај Крива Паланка каде всушност нашиот национален систем за пренос на гас е врзан за бугарскиот магистрален гасовод со кој управува руската компанија „Гаспром“.

Минатата година приходите на ГА-МА надминаа 7,7 милиони евра и тоа е за 23 отсто повеќе од претходната 2020 година во која заради корона кризата имаше одредени намалувања на конзумот на природен гас во земјава.

Најголемата оперативна расходна ставка на ГА-МА се трошоците за вработени, а воопшто најголемата трошковна ставка во билансот на успех е амортизацијата која за лани изнесувала околу 2,1 милиони евра.

Минатата година, која беше одлична од аспект на потрошуваката на гас ГА-МА ја заврши со добивка поголема од 3 милиони евра.

Значајно за истакнување е тоа што ГА-МА е дивиденда компанија, а лани од нејзиното работење Владата и „Макпетрол“ поделија по 900.000 евра дивиденда.

Повеќе за работењето на ГА-МА лани може да прочитате на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%93%D0%90%D0%9C%D0%90%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%202021%20%D1%81%D0%BE%20%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9E%D0%B4%D0%B1%D0%BE%D1%8020220928155120.pdf

Р.Ф.

foto freepik.co,

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?