Која е единствена земја која користи дури 9 валути ?
Објавено во: Економија 02 Март, 2016 13:46
За повеќето луѓе промената на пари во една валута е збунувачка, а замислете да мора да следите дури девет ...
Овој факт тешко им паѓа на бизнизмените во Зимбабве, кои се принудени да бидат во улога на девизни трговци, откако нивната национална валута е срушена и повлечена од употреба.
Имено, Зимбабве веќе неколку години нема национална валута, а се поради неуспешниот договор со Меѓународниот монетарен фонд.
Владата на оваа држава одлучила покрај американскиот и австралискиот долар да воведе и јужноафрички ранд, британска фунта, јапонски јен, кинески јуан, индиски рупи и афричка пула.
„Повеќето валути постојат во целта на тргувањето“, рекол гувернерот на банката во Зимбабве.
„Педесет одсто од нашата трговија се одвива со Кина и Јужна Африка, така да мораме да допуштиме трговија во разни валути“, додал тој.
На улиците на главниот град Харареа, повеќето најчесто го користат американскиот долар, но трговците се принудени да прифатат различни валути.
Во близина на границата со Јужна Африка и Боцвана популарни се рандот, пулата и еврото. Сепак, популарноста на рандот неодамна опадна, откако минатата година „потонал“ за 30 одсто.
Валутната криза во Зимбабве почна во 2000 година, кога владата спроведувала агресивни земјишни реформи. Комбинацијата од санкции и загуби на довербата во економијата довела до пад на доларот во оваа земја.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




