КОЈА Е КРАЈНАТА ЦЕЛ НА ПУТИН, САМО ТОЈ ЗНАЕ, НО РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАПРАВИ ДВЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ: Политикологот Каратан коментира за случувањата
Објавено во: Свет 02 Март, 2022 12:46
Хрватскиот
професор, политиколог, поранешен дипломат и експерт за модерна Русија и Источна
Европа, Бранко Каратан коментираше што ја чека Украина во наредните денови, а
што, од друга страна, Путин.
„Отпорот на Украина е над меѓународните очекувања, а преговорите што ги нуди Москва се користат како дополнителен притисок. Она што се случи во неделата e дека закажаното продолжување на разговорите отвора надеж, а ситуацијата на теренот ќе зависи од тоа како ќе продолжат преговорите. Ако Украина биде окупирана, отпорот ќе биде таков што ќе и нанесе голема штета на Русија, не само на меѓународен план, туку и на внатрешен план, објаснува Каратан за „Вечерњи лист“.
Тешко е да се каже која е крајната цел на рускиот претседател, вели Каратан.
„Можеби само Путин го знае одговорот на тоа прашање, но тој секако сакаше да одговори на надворешниот притисок. Но, рускиот претседател повлече два непотребни потези, првиот беше признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави бидејќи и онака ги контролираше, можеше да ги брани и немаше да наиде на отпор од Западот. И втор погрешен потег е тоа што војната започна, под изговор за промена на власта во Украина, нагласува Каратан.
Украинците тешко би го прифатиле марионетскиот режим на власта, тврди Каратан.
Хрватскиот политиколог смета дека прва тема во преговорите мора да биде како да се запре војната. На Путин му е сè потешко, вели Каратан, за самата Русија, која е изложена на меѓународна изолација.
Светската реакција на бројните војни досега беше блага, агресорите се снаоѓаа релативно добро, но овој пат нападот на Украина, поради телевизиската симултаност и социјалните мрежи, предизвика обединет блок против Русија. Сега Путин ја обедини ЕУ, и уште повеќе САД и ЕУ кои предизвикаа општ отпор, дури и фудбалската федерација, која зависи од руски пари, ги исклучи клубовите и репрезентацијата од понатамошните натпреварувања, тоа досега се нема случено“, заклучува Бранко Каратан.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




