18 Февруари, 2025
0.0244

Која е најбогата банка во Македонија? Располага со 4,5 милијарди евра!

Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Централната банка е чувар на македонските државни девизни резерви. Низ годините наназад Народната банка ги чува и управува со државните девизни резерви. И не само што ги чува туку низ годините континуирано ја зголемува нивната вредност. На крај на 2023 година нивната вредност е рекордна и изнесува 4,538 милијарди евра. За тие што се помлади и не знаат и за оние што заборавиле. Македонија со осамостојувањето во сега далечната 1991 година својот пат во независноста го зачекори без ниту една марка, фунта или долар. Првите девизи во народната каса влегоа од извозот на нашето национално богатсво – тутунот. Чекор по чекор со посветена работа нашата Народна банка од тогаш досега изѕида 4,5 милијарди евра државни девизни резерви  

Вредноста на државните девизни резерви на Македонија на крајот на 2023 година надминала 4,5 милијарди евра. Тоа е рекордна односно највисока вредност на македонските државни девизни резерви од осамостојувањето на нашата земја во сега веќе далечната 1991 година, покажуваат официјалните податоци на централната банка.

Со овие пари на народот управува, располага и за нив се грижи Народната банка која е централна институција во македонскиот банкарски систем. Девизните резерви на нашата земја се состојат од: монетарно злато, кеш во девизи, хартии од вредност издадени од други држави (во нашиот случај најголем број се тие на германската централна банка н.з.) и други финансиски инструменти.

Според јавно достапните податоци на Народната банка на крајот на 2023 година Македонија имала 4,538 милијарди евра девизни резерви. Убедливо најголемо учество во нив имаат хартиите од вредност (во најголема мерка германски државни обврзници н.з.). На крајот на претходната година Македонија во хартии од вредност чувала 2,36 милијарди евра.

Втора ставка според вредноста во која се чува државниот кеш се странските валути и депозити. Во кеш државата Македонија на крајот на декември лани има 1,76 милијарди евра.

Не е се во парите, има нешто и во златото. А злато чува и Македонија. Вредноста на нашето монетарно злато на 31.12.2023 година изнесувала 413,6 милиони евра.

Според достапната статистика на „Википедија“ за период од 20 години македонските девизни резерви се зголемени за 3,82 милијарди евра. Тоа значи дека биле 715 милиони евра на крајот на 2003 година и пораснале за повеќе од 5 пати во период од 20 години.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа