Kоја е најдобрата туристичка дестинација за годинава?
Објавено во: Стил 26 Март, 2019 17:14
Според годишното истражување на сајтот „Трипадвајзор“, Лондон е избран за најдобра туристичка дестинација за 2019 година.
Победникот го избраа врз основа на алгоритам што анализира милиони рецензии и оценки на хотели, ресторани и на туристички атракции, собрани на сајтот за период од една година.
Париз е на второто место, а зад него следуваат Рим и грчкиот остров Крит. Њујорк, кој долго време важеше за фаворит на туристите, целосно испадна од најдобрите десет и сега е 13-ти.
Лондон лани беше втор и од „Трипадвајзор“ велат дека можеби напредувал поради венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.
Меѓу првите 10 се Бали, Пукет, Барселона, Истанбул, Маракеш и Дубаи.
фото Википедија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





