26 Ноември, 2024
0.0270

Која е најновата хотелиерска жртва на „корона“ кризата?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешната скопска хотелска гордост „Континентал“ годинава е на големо искушение. Тој е уште една голема жртва на корона вирусот кој не поштеди ниту една голема хотелиерска компанија. За девет месеци приходите од продажба на „Интернешнел Хотелс“ се пониски од 170.000 евра, а оперативната загуба надминува половина милион евра

Корона вирусот ја меле хотелиерско-угостителската индустрија и очигледно дека оваа година ќе биде период на големи и тешки искушенија за оваа услужна индустрија која има значајно учество во нашиот национален БДП.

Објавите на финансиските податоци покажуваат дека во низата по „Македонијатурист“ и охридски„Хотели Метропол“ уште една домашна хотелска компанија сериозно пострада од негативните последици на актуелната здравствена пандемија.

„Интернешнел Хотелс“ (односно некогашната скопска хотелска гордост „Континентал“ за првите девет месеци годинава има 85 отсто пониски приходи во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на друштвото за периодот јануари – септември. За девет месеци некогашен „Континентал“ остварил приход од само 166.000 евра, а во истиот период лани друштвото имало приход од продажба во износ од 1,1 милиони евра.
И покрај оптимизацијата на трошоците менаџментот и на оваа хотелска компанија, како и на другите, не успеал да се справи со сите негативни последици од корона вирусот. Вонредната состојба, бројните ограничувања за јавни собири, прослави и свадби и стравот го направија своето. Менаџментот успеал оперативните трошоци да ги намали за 44 отсто и тие за првите девет месеци изнесуваат 680.000 евра. Најголема трошковна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 293.000 евра и се за 26 отсто пониски од лани. Амортизацијата е 145.000 евра и е на исто ниво од лани, а трошокот за суровини и други материјали иако понизок за 61 отсто од лани сепак изнесува 128.000 евра.

Оперативната загуба на друштвото за првите девет месеци изнесува 514.000 евра. И лани во овој период друштвото било во загуба, но годинава таа е тројно поголема во однос на лани. Загубата ја ублажиле финансиските приходи на компанијата кои изнесуваат 60.000 евра. Загубата по оданочување изнесува 466.000 евра.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу