Која е валутата која важи за ривал на биткоинот?
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2017
Најголемиот ривал на биткоинот „Ethereum“, ја зголеми својата вредност речиси 3000 отсто оваа година.
Таа виртуелна валута, достигна најголема вредност досега-250,41 долар, а се поради зголемениот интерес за дигитални валути и зголемување на обемот на тргување во Азија. Вредноста на „Ethereum“ моментално е 30 пати поголема до 8 долари колку што имаше на почетокот на годината.
Најголем интерес за таа влута моментално има во Јужна Кореја. Исто така и JP Morgan работи на воведување на „Ethereum“ . А оваа валута му е претставена на рускиот претседател Владимир Путин на неодамна одржаниот економски форум во Санкт Петербург. Меѓутоа, Русите се уште сакаат виртуелна валута која сами ќе ја направат.
„Ethereum“, може да се каже дека е последна ѕвезда од светот на дигитални валути, во него што се појави почна да вложува Мајкрософт.
Според некои експерти за дигитални валути, тој претставува напредок во однос на биткоинот “blockchain”.
„Ethereum“ развива склучување на договори врз основа на “blockchain”. (во синџирот се додаваат само блокови кои се валидирани proof-of-work) просецот на технологијата.