15 Декември, 2025
0.0360

Која е велешанката Јорданова чија понуда во РЕК Битола не се одбива? За два тендери ќе наплати до 4,64 милиони евра!

Објавено во: Економија 04 Декември, 2023 08:06

Добивај вести на Viber

Има ли Велешанката Маја Јорданова, сопственичка на скопска фирма за трговија на мало со весници и канцелариски материјал „тајната формула“ за добивање тендери во РЕК Битола? На два тендери дава понуди, прво за продажба на адитиви против замастување, а сега и на антифриз. На двата тендера нема други понудувачи. РЕК Битола ги прифаќа единствените добиени понуди и се обврзува по двата тендери да плати најмногу до 4,64 милиони евра во рамковните спогодби. Фирмата што ги добива тендерите освен што е регистрирана за сосема друга дејност, нема податок за вработени лица, а лани имала вкупен приход од само 350.000 евра...

Најголемиот домашен производител на струја ќе набави антифриз (адитив за превенција од замрзнување и топење на мразот) за да се заштити од проблеми во претстојната зима. РЕК Битола на тендер со само еден понудувач ќе си плати до 441.000 евра за да набави до 100 тони антифриз од финско производство.

Станува збор за рамковна спогодба која РЕК Битола ја склучи со скопската фирма Браинкоде ДООЕЛ за набавка на адитив против замрзнување од финскиот производител „Кемион“.
Деталите за тендерскиот договор се на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/1ecf0d56-0e3f-4d14-aaf4-1f1971b8edfa

А на оваа веб локација е спецификацијата за адитивот (н.з. антифризот) за кој „Браинкоде“ на РЕК Битола ќе му наплати до 441.000 евра за 100 тони течност https://www.kemion.fi/pdf/Eco-Melter%20eng.pdf

Ова е втор тендер на Браинкоде ДООЕЛ за период од неполни два месеци.

Колкав тендер доби фирмата за весници во РЕК Битола пред 2 месеци?

Уште еден милионски тендер со само еден понудувач во портфолиото на најголемиот државен производител на струја РЕК Битола. Крај на октомври годинава. Битолската филијала на ЕСМ склучи договор со фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор. Од нив ќе купи адитиви кои треба да го намалат замастувањето односно да го намалат формирањето на згура која е дериват при согорувањето јаглен за правење на електрична енергија.

Адитивот ќе го набави Браинкоде фирма регистрирана во општина Ѓорче Петров е од италијанскиот производител AQUAFLEX S.R.I, а неговата специјализација во областа на чистење разладни кули е достапна на следниот линк http://www.acquaflex.com/index.php/en/product-service/water/cooling-tower-evaporative-condenser

Инаку многу е интересна „крвната слика“ односно финансиското работење на „Браинкоде“ за минатата година. Фирмата која е сопственост на велешката Маја Јорданова е регистрирана со основачки влог од 5.000 евра и нема податок за број на вработени што наведува на заклучок дека ова друштво и нема вработени лица.

Фирмата која ќе набавува адитиви за намалена згура при согорување јаглен е регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски материјали и постои од 2017 година.

И сега е најитересниот дел: фирма што лани имала вкупен приход помал од 350.000 евра во еден деловен зафат добива бизнис вреден 4,2 милиони евра!!!

Повеќе детали на следниот линк За какво чистење РЕК Битола ќе плати 4,2 милиони евра?


Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите