Која европска земја ја намали употребата на гас од 79 на 21 отсто?
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2022 18:38
Зависноста од рускиот гас е намалена на 21 отсто во Австрија. Властите сакаат да бидат целосно независни.
Земјата преку диверзификација, значително ја намали зависноста од рускиот гас од досегашните 79 на 21 отсто, објави австирското Министерството за енергетика. Регулаторното тело „Е контрол“ соопшти дека уделот на рускиот гас во февруари изнесувал 79 отсто, а Австрија, како што стои во соопштението, успеала да ги замени испораките од Русија кои сега се 21 отсто. Австрија изнајми 40 терават часови капацитет на гасовод за Германија и Италија. Тоа и овозможи да увезува гас од Норвешка, како и течен природен гас и помали количини гас од Северна Африка и Централна Азија.
„Направивме огромен чекор во ослободувањето од зависноста од рускиот гас“, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер.
Таа им се заблагодари на граѓаните за заштедата на енергија.
Европа настојува да ја намали зависноста од рускиот гас, откако Русија ја почна војната во Украина и енергенсите ги користи како ресурси. Поради руската инвазија на Украина, Русија е под санкции.foto freepik.com/fanijanhua
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




