19 Декември, 2025
0.0488

Која фирма дава просечна нето плата повисока од 1.000 евра, а не е банка?

Објавено во: Економија 16 Април, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

„КБ Прво пензиско друштво“ лани остварило добивка од 2,27 милиони евра и таа е за 12,6 отсто повисока од 2019 година. Веројатно затоа друштвото „не штеди“ на плати за своите вработени и една од ретките компании во кои просечна нето плата по вработен е повисока од 1.000 евра

Просечна нето плата што надминува 1.000 евра е реткост, но не е недостижна за македонските компании. Ја има во финансиската индустрија, но не се работи за деловна банка. Просечна нето плата од 1.000 евра ллани даваше „КБ Прво пензиско друштво“ една од трите финансиски компании чија основна дејност е да управува со парите на идните пензионери.

Официјалните финансиски податоци за ова друштво покажуваат дека лани за трошоци на вработените се исплатени 583.000 евра. Од тоа за нето плати се исплатени вкупно 355.000 евра што значи дека просечната нето месечна плата во оваа компанија лани изнесува 1.019 евра. Освен тоа лани друштвото на своите вработени исплатило и регрес за годишен одмор од по 500 евра по вработено лице.

Платите се и повеќе од добри, за наши услови, но и работодавателите објективно се задоволни од работата на друштвото. Затоа што резултатите покажуваат дека друштвото лани остварило нето профит од 2,27 милиони евра од управување со двата отворени инвестициски фондови во кои се штедат и оплодуваат пари на идните пензионери. Во споредба со 2019 година добивката на друштвото лани е зголемена за 12,6 отсто.

„КБ Прво пензиско друштво“ го води најголемиот задолжителен инвестициски фонд на идни пензионери. Неговата вредност (нето средства)на крај на 2020 година изнесувала 742,1 милиони евра и се за 96 милиони евра повисоки од претходната 2019 година. Ова друштво управува со уште еден доброволен отворен пензиски фонд кој е значајно помал од задолжителниот пензиски фонд.

Вкупните приходи на ова друштво лани од двата фонда (задолжителниот и доброволниот) надминале 4,2 милиони евра. Најголема приходна ставка биле надоместоците за управување од задолжителниот фонд кои му донеле на друштвото 2,45 милиони евра, а приходите од придонеси изнесуваат 1,53 милиони евра и се вотра најголема приходна ставка. Значаен за истакнување е и приходот што друштвото го има од пласмани на свои средства во хартии од вредност (државни н.з.) од кои за камати остварило прилив од 268.000 евра. Кај расходите на друштвото најголема ставка е надоместокот кон МАПАС (државната Агенција која врши супервизија на работа на овие друштва) кој изнесува 612.000 евра, бруто платите со 583.000 евра и надоместокот кон банката чувар на имот кој изнесува 242.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии