20 Април, 2024
0.0279

Која фирма го плати директорот 62.000 евра за да и направи добивка од 258.000 евра?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Берзата лани не понуди ништо ново во споредба со претходно, а направи промет двојно поголем од 2017 година и оствари профит од 258.000 евра. Директорот Штериев има 5 пати поголема плата од просекот на бруто плата по вработен, а лани бруто платата му била поголема за 8.500 евра во однос на 2017 година

Иван Штериев, главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност лани имал бруто плата од 62.100 евра. Неговата бруто плата е 26 отсто од целиот трошок на берзата за бруто плати и надоместоци на вкупно 15 вработени лица, пишува во официјалните податови достапни во извештајот на независните ревизори. 
Платата на Штериев лани е пет пати повисока од просечниот бруто трошок по вработен за другите 14 лица кои имаат работен однос на Македонската берза за хартии од вредност. Во споредба со 2017 година, лани бруто платата на Штериев е повисока за 8.500 евра.

Куриозитет е 2017 година во која бруто платата на Штериев е 53.600 евра, а добивката на берзата била 64.000 евра. Ова е показател кој доволно укажува дека големите акционери на берзата –деловните банки од оваа своја фирма немаат големи очекувања. Дури има и тези дека всушност им одговара слабо активна берза заради тоа што всушност таа е организиран пазар кој треба да биде главен конкурент за оплодување на финансиските средства наспроти банкарските понуди за чување на депозити и орочени штедни влогови. Десет деловни банки контролираат над 80 отсто од акциите во берзата.
Штериев ја води Македонската берза 14 години наназад. Во овој период имаше еден берзански бум по што следеше остар пад, долга стагнација и благ раст во последниве три години. Во овој период Штериев не понуди ниту еден значаен стимулатор, катализатор, мерка или активност за развој на домашниот пазар на капитал што ќе биде конкурентен и ќе направи обид да ја разбие хегемонијата на банките. Да понуди алтернатива на вложувањата за камата во депозити и орочени влогови.

Како лани изработи Македонска берза?

Минатата година берзата ја заврши со добивка од 258.000 евра што е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога добивката на берзата беше 64.000 евра. Приходите од тргување на берзата лани биле двојно повисоки од 2017 година и изнесуваа 560.000 евра. Најголем поединечен трошок на берзата се трошоците за вработените каде доминира бруто платата на Штериев која изнесува 62.000 евра. Трошокот на берзата за Комисијата за хартии од вредност лани изнесувал 170.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор