КОЈА КОМПАНИЈА ДОЖИВЕА РЕНЕСАНСА НА БЕРЗАТА? За една година донесе 225 отсто од заработката
Објавено во: Финансии, Свет 24 Февруари, 2024
Цените на акциите на производителот на чипови Nvidia се зголемија за речиси 40 отсто од почетокот на годината. Згора на тоа, нивната заработка скокна за повеќе од 225 отсто во последните 12 месеци
Вкупните приходи на компанијата се зголемени за 265 отсто во однос на претходната година.
Nvidia прави моќни компјутерски чипови што ги напојуваат популарните алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT на OpenAI и Copilot на Microsoft. Големата побарувачка за овие чипови ја донесе компанијата во ексклузивниот клуб на Волстрит со трилиони долари пазарна капитализација.
CNBC пресмета колку би заработиле доколку инвестиравте 1.000 долари во Nvidia пред една, пет или десет години. Пресметките се базираат на цената на затворањето на акцијата на 20 февруари од 694,52 долари.
Доколку сте инвестирале 1.000 долари во Nvidia пред една година, вашата инвестиција би се зголемила тројно, односно би се зголемила за околу 225 отсто и би вредела околу 3.248 долари.
Доколку сте инвестирале 1.000 долари во Nvidia пред пет години, вашата инвестиција би пораснала за неверојатни 1.015 проценти и би вредела околу 17.542 долари.
Доколку сте инвестирале 1.000 долари во Nvidia пред 10 години, вашата инвестиција би скокнала за околу 22.340 проценти и би вреднувала околу 148.226 долари.
Доколку сте инвестирале 1.000 долари во Nvidia на 22 јануари 1999 година, кога компанијата излезе на берза, вашата инвестиција би пораснала за околу 277.708 отсто и би вредела близу 2.784.065 долари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.