05 Декември, 2025
0.0858

Која компанија има дивиденда ама како да ја нема?

Објавено во: Економија 28 Мај, 2021 07:12

Добивај вести на Viber

„Фершпед“ втора година по ред го држи приматот на компанија „лидер“ по исплатена дивиденда од друштвата кои делат дивиденда, а чии акции се тргуваат на сегментот берзанска котација. Годинава нето износот за домашни физички лица е 495 денари или 0,7 отсто од последната пазарна цена на таа акција

„Фершпед“ една од двете најголеми шпедитерски компании годинава ја повторува рутината од претходната година во исплатата на дивиденда. На последното акционерско собрание мноштвото акционери го прифатија и усвоија предлогот на менаџментот за исплата на бруто дивиденда во износ од 550 денари за акција.

Тоа значи нето износ за домашните физички лица – кои се најбројни акционери во таа голема компанија е 495 денари за акција или само 0,7 отсто принос во однос на последната пазарна цена на таа акција која изнесува 66.000 денари.

Во одлуката за дивиденда пишува дека вкупниот бруто износ за исплата на дивиденда е нешто помалку од 150.000 евра. И тој износ е од акумулирана добивка од претходни години. „Фершпед“ и лани (за добивката од 2019 година) подели ист бруто износ за исплата на дивиденда за своите акционери. Веројатно дека малите акционери со носталгија се сеќаваат на дивидендата поделена во 2019 година кога добија бруто износ од 1.750 денари за акција – дури три пати повеќе од дивидендите за лани и за 2019 година.

Во одлуката достапна на СЕИ НЕТ информативниот систем пишува дека акцијата на „Фершпед“ е дивиденда заклучно со 14 јуни, а износот ќе биде исплатен до крај на септември годинава.

Најмогу од дивидендата ќе се офајди „Макошпед“ најголемиот поединечен акционер кај кого ќе одат 20 отсто од парите наменети за дивиденда. Двајцата синови на Штерјо Наков, поранешниот директор на компанијата, поседуваат заедно 22 отсто од акциите, а уште 242 домашни физички лица ќе поделат 26 отсто од тие 150.000 евра (во бруто износ). На контото на домашната кондиторска индустрија „Европа“ ќе одат 9,7 отсто од парите.

„Фершпед“ лани имаше тешка година очигледно последица на условите настанати со корона кризата. Друштвото заврши со профит помал од 10.000 евра на приходи од 55 милиони евра.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?