Која македонска пиварница има профит од 2,4 милиони евра?
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020
Во летниот период (јули,август и септември) во кој доминираат годишните одмори, „Прилепска пиварница“ успеала на домашен пазар дневната просечна продажба да ја крене до ниво од 97.000 евра што е резултат за респект во услови на ограничувања предизвикани со превентивните мерки за корона заразата. За овој период друштвото на домашниот пазар генерира приход од 8,9 милиони евра само 800.000 евра помалку од лани
Единствената домашно поседувана пиварница во првите девет месеци има одлични резултати од работењето, а добивката во споредба со истиот период лани е поголема за 3,6 пати и изнесува 2,4 милиони евра за девет месеци.
„Прилепска пиварница“ во првите девет месеци има оперативната добивка која е за 5,7 пати поголема од профитот од оперативно работење лани во првите девет месеци. Приходите на „Прилепска“ за девет месеци достигнаа 20,7 милиони евра што е за 13 отсто помалку од истиот период лани. Продажбата на домашен пазар достигна 20,5 милиони евра од кои 8,9 милиони евра е за 92 дена (трет квартал јули,август и септември), а останатите 11,6 милиони евра е за првите шест месеци. Во првите девет месеци залихите на готови и производи во изработка се на ниво од 1,23 милиони евра.
Тајната на успехот на „Прилепска пиварница“ е во знајачното кратење на оперативните расходи на друштвото. Имено за првите девет месеци тие се за 21 отсто помали од истиот период лани и изнесуваат 18,9 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и материјали кои изнесуваат 8,1 милиони евра и се пониски за 10 отсто во споредба со истиот период лани.
Оперативната добивка на друштвото е 2,15 милиони евра и е за 5,7 пати повисока од истиот период лани. Дополнително позитивно на крајната добивка влијае и позитивната разлика меѓу финансиските приходи и финансиските расходикоја изнесува 209.000 евра.
Нето добивката на „Прилепска пиварница“ на крај на септември е 2,4 милиони евра и тоа е за 3,6 пати подобар резултат во споредба со лани.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.