Која општина ги држи фирмите кои лани направија четврт милијарда евра приход?
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018
Општина Кавадарци веројатно е местото каде што е најлесно или најмалку тешко да се најде работа.
Таа е општината во која работат најголемите фирми во земјава а најновите податоци за најголемите 100 македонски компании покажуваат дека во таа општина седиште имаат четири фирми, на листата 100 најголеми, кои лани заедно приходувале 251,9 милиони евра.