Добивај вести на Viber
Секој хороскопски знак според своите особини и карактеристики има предиспозиција за решавање на проблемите на свој начин. Која тактика ви одговара и која е идеалната работа, прочитајте во текстот.
Овен
Овенот може да биде збунувачки знак, бидејќи постојат заеднички машки и женски комбинации на изразување. Поради машката енергија која го окружува, жените родени под знакот на овен се авантуристи, независни, доминантни и имаат натпреварувачка природа.
Клучни особини: ентузијазам, креативност, топлина.
Најдобра работа: претприемач, продажба, филм/ТВ, брокер, спасувач, војник.
Бик
Бикот ја сака безбедноста и стабилноста, и не сака непредвидливи работи. Тие се знаци со исклучително сензуална способност да се што гледаат, допираат или мирисаат им остава посебен впечаток.
Клучни особини: одлучност, лојалност, тврдоглавост.
Најдобра работа: инжинер, програмер, техничар, административен асистент.
Близнаци
Името на овој знак потполно одговара на неговите карактеристики-двојност и разновидност.
Клучни особини: досетливост, интелигенција, прилагодливост.
Најдобра работа: медиуми, огласување, маркетинг, новинар, доставувач, шофер.
Рак
Иако тоа не сакаат да го покажат, раковите сакаат да им се посветува посебно внимание и покажуваат малку страст.
Клучни особини: внимателност, интуитивност, креативност, издржливост.
Најдобра работа: недвижности, дизајнер на интериери, психолози, учители, терапевти
Лав
Карактеристично однесување и држење на телото лесно можат да ги издадат луѓето родени во знакот на Лав.
Клучни особини: доверливост, амбициозност, креативност, великодушност, доминација.
Најдобра работа: претприемач, политичар, односи со јавност.
Девица
Нивната грижа за најситните детали толку ги оптеретува што тешко наоѓаат разбирање кон некој нов. Нивниот живот се одвива исклучително во познато време и простор. Имагинацијата и сентименталноста ја сметаат за луксуз.
Клучни особини: ориентираност кон детали, аналитичност, ефикасност
Најдобра работа: уредник, сметководител, механички инжинеринг, графички дизајнер.
Вага
Имаат добра природа и пријатни се, но истовремено не сакаат кон нив да се однесуваат заповеднички. Можат да зборуваат многу, истовремено се и добри слушатели. Неуморни се и ретко се согласуваат да завршат некоја работа на брзина.
Клучни особини: умешност за преговарање, уметнички дух, интелигенција, неодлучност.
Најдобра работа: архитект, дизајнер, правник, советник, уметник.
Шкорпија
Шкорпиите се длабоко чувствителни личности. Единствените недоразбирања со нив настануваат поради тоа што се тие секогаш спремни на борба.
Клучни особини: динамичност, креативност, снаодливост.
Најдобра работа: психолог, дизајнер, правник, хуманитарни и добротворни огранизации.
Стрелец
Стрелецот лесно се препознава по однесувањето. Типичниот Стрелец ги сака предизвиците во бизнисот, спортот или хобито.
Клучни особини: филозофи, оптимистични, директни.
Најдобра работа: претприемач, пилот, спортист, полицаец, стјуардеса.
Јарец
Јарецот постојано и упорно оди напред, со цврста вера во оправданоста на неговата патека. Тие се независни, ретко веруваат на другите и сакаат да работат сами.
Клучни особини: амбициозност, снаодливост, трпеливост, авторитет.
Најдобра работа: финансии, менаџмент, лекар, тренер.
Водолија
Водолијата е независна и слободољубива личност која им верува на другарите и има безгранична омраза кон измамниците и неискрените луѓе.
Клучни особини: аналитичност, интелигенција, инвентивност, упорност, тврдоглавост.
Најдобра работа: ветеринар, научник, инжинер.
Риби
Рибите во себе имаат логика за расудување, а сепак на крајот секогаш победуваат чувствата.
Клучни особини: сочуствителни, интуитивност, флексибилност, мистериозност.
Најдобра работа: уметник, дизајнер, психолог, добротворни организации.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: