18 Мај, 2024
0.0268

Која светска метропола е најскапа за живот?

Објавено во: Стил 24 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Главниот град на Велика Британија го претекна Хонг Конг и стана најскапиот град на светот за живот и работа, резултатите се истражување на агенцијата за недвижности „Savils“. Причините поради кои Лондон е на првото место се зголемените станарини и зајакнување на фунтата.

Агенцијата чие седиште е токму во Лондон, при пресметките ја користела единствената формула која ги собира трошоците за изнајмување на станови, како и трошоците за изнајмување на бизнис простор по работник. Вкупниот трошок за Лондон изнесува 73.800 фунти (околу 95.000 евра).

Само три града на светот имаат приблизжно големи трошоци за живот и работа како и британската престолнина, а тоа се Хонг Конг, Њујорк и Париз. Меѓу првите десет се уште и Токио, Москва, Сиднеј, Дубаи, Шангај и Рио де Женеиро.

 Цената на станови во Лондон во последните година дена пораснале за 18,4 проценту, а цените за изнајмување на канцелариски простор во изминатите 12 мсеци се зголемени за 9 проценти.

Поради зголемените цени, 2700 метри квадратни врвен бизнис простор во Лондон чини 100 милиони евра, додека за истата сума во Берлина или Амстердам може да се купи дури 17.000 квадрати бизнис простор.

 Овде може да прочитате која град е најефтин за живот.