КОЈА ВАКЦИНА ЌЕ БИДЕ ЕФИКАСНА ПРОТИВ АГРЕСИВНИОТ „ОМИКРОН“: Една од компаниите најави дека ќе развие оружје и против новиот застрашувачки сој
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2021
Откако научниците
предупредија дека новиот сој на корона вирусот има дури над 30 мутации на
спајк-протеиниот со кој вирусот навлегува во човековите клетки, а вакцините со
кои сега располага светот се проектирани да го сузбијат токму шилестиот проетин
и дека повеќе нема да бидат ефикасни против новиот „Омикрон“, компанијата
Модерна најави дека ќе развие нова ефикасна вакцина и против оваа варијанта.
Модерна преку соопштение до медиумите информира дека веќе тестирала бустер доза кај здрави возрасни лица што содржи двојно поголема количина на дозирање од тоа што е моментално дозволено. Производителот на лекови, исто така, „проучува и два мултивалентни кандидати за бустер се дизајнирани да предвидат мутации како оние што се појавија во варијантата „Омикрон“, велат од компанијата.