КОЛАПСОТ СПРЕЧЕН: Карфур се спасува во последен момент…Како?
Објавено во: Економија 04 Септември, 2016 13:55
„Last-minute“ зделка за спас му даде нов живот за сопственикот на „Carrefour“.
Колапсот на „Marinopoulos Group“ изгледа беше спречен откако неодамна „Eurobank“ одлучи да ги продолжи кредитните линии и да го спаси заглавениот синџир, пренесе „Ekathimerini“.
Синџирот на „Marinopoulos“ е основан во 1962 година и е најголемиот трговски ланец во Грција. До пред четири години, француската мултинационална „Carrefour“ претендираше за титулата најголем синџир супермаркети во Грција 50/50, преку заедничко вложување со „Marinopoulos“. Уделот на францускиот гигант сепак беше откупен од „Marinopoulos Group“ во 2012 година.
На крајот на јуни грчкиот конгломерат „Marinopoulos“ – сопственикот на “КМБ Бугарија“, компанијата која управува со франшиза на францускиот синџир „Carrefour“ за Бугарија, поднесе барање за стечај со долгови од 1,3 милијарди евра. Грчката компанија падна во тешки финансиски тешкотии во последниве години поради кризата. Уште тогаш таа размислуваше и разглдуваше варијанти за закрепнувачки план, вклучувајќи спојување со конкурентниот синџир во Грција „Sklavenitis“.
Вчера „Sklavenitis“ потврди дека ќе го откупи „Marinopoulos“, користејќи банкарско финансирање во рамките на 360 милиони евра. Наводно, предложениот план за реструктуирање вклучува 50% редукција на сумите кои „Marinopoulos“ им ги должи на снабдувачите.
Сега се очекува Народната банка на земјата и банката Пиреос да го одобрат договорот. Во оваа фаза се смета дека има мала веројатност за неуспех на преговорите, бидејќи прашањето веќе помина низ соодветните комисии на двете банки. Отсега „Sklavenitis“ ќе дејствува како стратешки инвеститор за „Marinopoulos Group“.
Зделката ќе биде пречекана со огромно олеснување, бидејќи големината на прометот на „Marinopoulos“ претставува околу 1 процент од БДП на Грција. Само во Грција за компанијата работат над 13 илјади луѓе. Ако таа не помине успешно во постапката за реструктуирање, сите тие можат да ги изгубат своите работни места.
„Carrefour Marinopoulos“ е основана во 1999 како заедничко вложување меѓу “Marnopoulos Group“ и францускиот синџир „Carrefour Group“. Во 2012 француската компанија се повлече од Грција поради должничката криза во земјата и намалувањето на потрошувачката.
Историјата на „Marinopoulos“ сепак датира од крајот на XIX век. Фирмата заминува со една мала аптека во Атина и со годините постепено ги проширува објектите и активностите. Во 1949 година групата се базира во фармацевтскиот конгломерат FAMAR, а во 1962 година го отвора и својот прв супермаркет.
Во почетокот на 2016 поточно во февруари, Carrefour стави клуч и на хипермаркетот во Скопје каде заглави и замина со големи долгови кон своите добавувачи но и кон банките.
Можеби ќе ве интересира
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината




