КОЛЕКТИВНА ТУЖБА ПРОТИВ МЕТА - не почитувале договори и дозволиле пристап до лични податоци
Објавено во: Свет 17 Јули, 2025 09:38
Инвеститори покренуваат колективна тужба против Марк Зукерберг, директор на „Мета“, компанија која е сопственик на популарната социјална мрежа Фејсбук.
Тие го тужат сопственикот за износ од осум милијарди долари поради сомневања дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволила на трети страни, вклучувајќи ја и „Кембриџ Аналитика“, пристап до личните податоци на корисниците.
Инвеститорите во тужбата тврдат дека Мета не ги открила целосно ризиците дека личните податоци на корисниците на Фејсбук ќе бидат злоупотребени од страна на Кембриџ Аналитика, која ја поддржа успешната републиканска претседателска кампања на Доналд Трамп во 2016 година, објави Асошиејтед Прес.
Како што пренесуваат медиумите, повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Зукерберг.Акционерите наведуваат дека официјалните лица во Фејсбук повеќекратно и континуирано го прекршувале договорот од 2012 година со Сојузната комисија за трговија (ФТЦ), според кој Фејсбук се обврзал да престане да собира и споделува лични податоци на корисниците и нивните пријатели без нивна согласност.
Во тужбата понатаму се наведува дека Фејсбук подоцна продавал кориснички податоци на комерцијални партнери, што е директно кршење на тој договор, како и дека ги отстранил известувањата од поставките за приватност кои биле во рамките на договорот.
Поради овие настани, Фејсбук се согласи да плати казна од 5,1 милијарди долари за решавање на обвиненијата од ФТЦ. Сега, акционерите бараат Закерберг и другите да и ја надоместат на „Мета“ казната од ФТЦ и другите правни трошоци, кои тужителите ги проценуваат на повеќе од осум милијарди долари.
Се очекува судењето да трае до крајот на следната недела и ќе вклучува сведочења и од Закерберг и од поранешната извршна директорка за операции, Шерил Сандберг.
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




