19 Декември, 2025
0.0624

Колективното приватно здравствено осигурување е сега достапно и во Македонија

Објавено во: Економија 05 Април, 2016 16:39

Добивај вести на Viber

За успешните компании грижата за вработените е секојдневна практика и претставува неопходен дел од бизнисот и начинот на работа.

Секојдневно се усовршуваат моделите за наградување и мотивирање на вработените, но примарна е грижата за безбедноста и за квалитетна здравствена заштита. Затоа во развиените европски земји приватното здравствено осигурување е императив во мотивациските пакети за вработените, а во последно време и тренд кој полека ги освојува и овие простори.

Од неодамна и во Македонија, со новиот продукт на „Еуролинк Осигурување – приватно колективно здравствено осигурување“, вработените во компанија која склучила полиса од ваков тип можат да се лекуваат во приватните клиники и ординации. Со полиса за приватно колективно осигурување на Еуролинк се надоместуваат трошоците за здравствени услуги во сите приватни здравствени установи и приватни болници („Систина“, „Филип II“, „Ремедика“ и др.).

Со ова покритие, изборот на приватна здравствена установа во која ќе се лекува останува само на корисникот, кој на овој начин ги избегнува и долгите процедури што ги налага јавното здравство и добива лекарска услуга веднаш.

2

„Колективното приватно здравствено осигурување се појави како одговор на потребата на пазарот и беше вистински предизвик да креираме ваков тип осигурување за првпат во нашата земја. Длабоко веруваме дека дополнителните здравствени бенефити се од големо значење за подобрувањето на начинот на работа на компаниите, но истовремено претставуваат и голема придобивка која го подобрува квалитетот на живеењето“, објаснуваат од „Еуролинк Осигурување“.

3

Осигурувањето опфаќа покритие до 6.000 евра, болничко лекување со или без хируршки интервенции, трошоци за вонболничко лекување, вклучувајќи сеопфатна и најмодерна дијагностика, специјалистички прегледи, лабораториски анализи и тестови, можност за превентивни прегледи по избор на корисникот, користење болничко возило, трошоци за итно стоматолошко и офталмолошко лекување, како и можност за осигурување дополнителен ризик - породување.

Полисата за Колективното приватно здравствено осигурување овозможува и вклучување членови на семејството на вработените, како и плаќање на премијата на рати без камата.

Бенефитите од користење на овој тип осигурување се однесуваат на вработените, но се подеднакво важни и за сопствениците и менаџерите на компаниите, особено за оние кои успехот го гледаат во здравјето и квалитетот на стручните кадри.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?