Колкав е бројот на активни случаи на коронавирусот во Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Расте бројот на активни случаи на коронавирусот во земјава.
Македонија сега 20.683 активни случаи, од кои половина се во Скопје.
Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860.
Се зголемува бројот на новозаболени од Ковид-19, на хоспитализирани и на починати. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 1320 случаи со Ковид-19, 50 починати, 457 оздравени пациенти. Ова е најсилниот бран на коронавирусот во земјава.
foto freepik