20 Мај, 2024
0.0256

Колкав е профитот на петте најголеми македонски банки?

Објавено во: Економија 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Фасцинантни 89,5 милиони евра е профитот на петте најголеми банки во земјава. Уште посензационално е тоа што нивниот профит лани во однос на 2015 година пораснал за 29,8 милиони евра! Профитот на ниво на банкарска индустрија лани дошол до ниво од 102,8 милиони евра! Дали е Македонија најдобра земја за банкарскиот бизнис?

Банка

Добивка во 2016 година

Раст во однос на 2015 година

Нето приход од камати во 2016 г.

Стопанска банка Скопје

36,3 мил.евра

5 мил.евра

58,9 мил.евра

НЛБ Банка

28,3 мил.евра

13,4 мил.евра

44,3 мил.евра

Комерцијална банка

12,6 мил.евра

4,1 мил.евра

44,3 мил.евра

Халк банка

7,6 мил.евра

1,6 мил.евра

20,5 мил.евра

Охридска банка

7 мил.евра

0,5 мил.евра

18,7 мил.евра

Петте најголеми банки во земјава лани заработиле 89,5 милиони евра од своето работење, покажуваат официјалните податоци на централната банка. Во групата на пет најголеми банки се: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“, НЛБ Банка, „Охридска банка“ и од лани на ова друштво се приклучи и „Халк банка“.

Само за да добиете реална слика за тоа која е позицијата на петте најголеми банки во целиот банкарски сектор ќе ги наведеме следниве факти: вкупниот профит лани на ниво на банкарски сектор е 102,8 милиони евра и е за 27,4 милиони евра повеќе од 2015 година. Ова е профит што е агрегат од работењето на 15 банки во земјава. Петте најголеми банки лани оствариле 87 отсто од целиот профит во банкарската индустрија.

Што констатирала Народната банка?

Од официјални достапни податоци се гледа дека централната банка, монитор и регулатор на банкарскиот пазар, лани утврдила дека на ниво на банкарска индустрија и покрај намалување на каматите за кредитирање нето приходите од камати на ниво на индустрија пораснале за 3,5 милиони евра, а истовремено банките своите расходи за камати ги намалиле за 13,4 милиони евра. При тоа во текот на годината банките успеале и своите други приходи (провизии, надоместоци) на ниво на индустрија да ги зголемат за 7,2 милиони евра. Но при тоа не можеме да изведеме заклучок дали тоа е резултат на зголемен обем на работа или пак на тоа дека банките успеале да ги поскапат своите услуги.

Како и да е на македонскиот банкарски пазар значајна е доминацијата на петте големи банки чие учество се зголеми на 74,3 отсто од целиот пазар.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра