19 Декември, 2025
0.0578

Колкав промет оствари Македонска берза во јули?

Објавено во: Економија 11 Август, 2016 15:48

Добивај вести на Viber

Македонска берза АД Скопје го објави месечниот статистички билтен за месец јули според кој најтргувани се акциите на Комерцијална банка.

Со нив се реализирани 133 трансакции со учество во вкупниот промет од 21,60%.

Зад Комерцијална банка, најтргувани акции на официјалниот пазар се хартиите од вредност наАалкалоид АД Скопје и Стаопанска Банка Битола. Извештајот покажува дека со акциите на фармацевтската компанија Алкалоид се реализирани 125 трансакции, што е 16,90% од вкупниот промет или достигната просечна цена од 2.277,64 денари на официјалниот пазар.

Со 59 трансакции или 16,41% учествуваат акциите на Стопанска банка Битола и истите достигнаа просечна цена од 1.090,77 денари.

Во групата на најтргувани се и акциите на НЛБ Банка, Охридска банка, Макпетрол, Скопски пазар, Стопанска банка Скопје, Гранит и Македонски телеком.

Прометот на Македонската берза за месец јули во однос на месец јуни, според податоците на билтенот, забележал пад од 12,89% и изнесува 291.535.683 денари.

Бројот на трансакции изнесува 979 и бележи раст од 5,84%.

Индексот МБИ10 порасна за 1,21% и изнесува 1.855,39 индексни поени. Со обврзниците за денационализација РМДЕН15 се реализираа 133 трансакции, па така индексот ОМБ забележа пад од 1,46 проценти и заврши на вредност од 127,53 индексни поени. Целиот билтен на Македонска берза погледнете го овде!

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите