Колкава била лани стапката на сиромашни лица?
Објавено во: Економија 23 Декември, 2016
Според дефинитивните податоци, во 2015 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21.5%.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22.9%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.3%. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33.7%.
Сиромашни луѓе има и меѓу невработените, вработените и меѓу неактивните луѓе.
Процентот на сиромашни жени е за 3% поголем од мажите кои се сиромашни.
Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, во 2016 година ги пресмета Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година.
Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот
на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.