24 Ноември, 2024
0.0317

Колкава цена Франција ќе плати за „санитарниот коридор“ на Емануел Макрон?

Објавено во: Свет 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Дали е ова пирова победа на француските социјалисти обединети од Жан Лук Меленхон? Можна ли е коалиција во која левичарите ќе се откажат од укинување на пензиската реформа и зголемување на минималната плата? Колку време си купи Макрон со „санитарниот коридор“ и дали со овој потег си „пукаше во нога“ затоа што секој ден од сега времето работи во корист на  крајната десница? Многу прашања, а само едно е јасно – Франција ќе ги живее најнеизвесните денови од германската окупација во далечната 1940 година

Франција, најголемата европска држава и единствена нуклеарна суперсила на стариот континент, влегува во најнеизвесните денови на својата современа историја. На последните парламентарни избори „санитарниот коридор“ на Макрон и на алијансата десетици левичарски, комунистички и зелени партии даде резултат. Само и единствено во тоа што крајната десница обединета околу партијата на Мари Ле Пен не ги доби изборите. Напротив иако беа во водство по првиот круг, во вториот круг поминувајќи низ „санитарниот коридор“ на Макрон тие излегоа преполовени. Благодарејќи на откажувањето на многу кандидати на левицата или на центарот во корист едни на други нивната стратегија даде резултат. Ја победија десницата. На овие избори големата левичарско-комунистичко-социјалистичко- зелена алијанса под називот „Нов народен фронт“ (НФП) освои 180 пратеници, партиите од центарот обединети од Емануел Макрон добија 159 мандати. „Десничарскиот национален собир“ (РН) на изненадување на многумина освои најмалку од сите односно 142 место во францускиот парламент иако убедливо водеа по првиот круг гласање (иако мора да се истакне дека на овие избори десницата освои најголем број пратеници во своето постоење н.з.)

Франција е исправена пред големиот и тежок предизвик да формира Влада. Ако се стават на едно место програмите, афинитетите и желбите, определбите и позициите на трите големи групации гласови (десни, леви и централисти) новата француска влада е „Мишн импосибл“. Или да се изразиме со актуелниот фудбалски жаргон од актуелното европско фудбалско првенство – поголема е веројатноста репрезентацијата на Андора да ја победи Шпанија од можноста две од трите политички групации во Франција да формираат стабилна влада.

Од кој агол и да се сврти изборниот резултат во Франција, добитен е само и единствено претседателот Емануел Макрон. Затоа што во услови да не може да се состави нова влада, најмалку една година од сега францускиот Устав не дозволува распишување нови избори по одржување предвремени избори. Тоа значи многу покомотна положба и помалку главоболки на Маркон. Затоа што со еден удар ги неутрализира двата свои лути ривали. Десничарите обединети околу Мари Ле Пен и левичарите, социјалистите и комунистите од алијансата на Жан Лук Меленхон.

Што ќе прави сега Жан Лук Меленхон обединителот на левицата и човек што успеа да ги победи Макрон и Ле Пен?

Сега мандатот да формира влада треба да го добие токму Меленхон. Тој е жесток критичар на политиките на Макрон, но нема ништо заедничко ниту со десничарите на Ле Пен. Од друга страна неговиот политички сојуз е многу лабав затоа што е хетероген и во него членуваат комунисти, социјалдемократи, социјалисти и партии со зелена агенда и особено агресивно делување кои не се спремни на речиси никакви компромиси. На Меленхон многу му забележуваат и центристите заради неговиот став кон Газа и Израел, а особено затоа што никогаш не ја осуди крвавата акција на Хамас како што редовно го осудува крвавиот пир на ИДФ во Газа и чекорите на Нетанјаху и неговите ортодоксни радикални министри. И во однос на војната во Украина неговиот однос е неспоредлив со агресијата на Макрон и неговите изјави за испраќање француска војска во Украина. 

Меленхон во левиот блок НФП ја предводи најголемата партија „Непокорна Франција“. Тие всушност и добија најмногу гласови и ги освоија најголемите француски градови Париз и Марсеј. Токму Меленхон завчера изјави дека во ниту еден случај не сака коалиција со Макрон. Прво на што ќе се сопнат двете политички групации односно левицата на Меленхон и центарот на Макрон е токму укинувањето на пензиската реформа на Макрон, која беше жестоко критикувана токму од левичарите, а пред се од самиот Меленхон.

Копјата меѓу двете страни ќе се искршат и за зголемување на минималната плата што беше едно од главните предизборни ветувања на Меленхон. Коалицијата со Макрон и за левицата, но и за десницата во Франција би значела губење многу, многу гласови. Затоа што и двете страни своите предизборни кампањи и стратегии ги градеа врз оцрнувањето на политиките на Макрон.

Само овие крунски аргументи даваат основа да се заклучи дека тешко ќе може да има коалиција меѓу француската левица и центристичките партии. Таа коалиција ќе биде погубна за рејтингот на Меленхон, а Макрон секако нема што да изгуби оти за него секој иден ден е нова победа.

Дополнителен камен околу вратот на Меленхон е шарената и широка коалиција во која има ултра комунисти, социјалисти, социјалдемократи и партии со исклучителна зелена агенда кои се особено агресивни спрема предлозите за мирно решавање на руската инвазија врз Украина. За зелените во Франција исто како и за зелените во Германија „само војната е мир“, тие се против мировни преговори. 

Што се однесува до десницата на Мари Ле Пен од аспект на изборниот резултат. Да таа е поразена, но од неформална и нелојална инстант политичка коалиција меѓу централистите и целата левица со се зелените партии. Но времето работи за нив и искусната политичарка тоа многу добро го знае. Затоа што Франција ја чекаат неизвесни денови во кои многумина од средната класа ќе останат разочарани и вината нема да ја бараат во десницата. Затоа што најголем број од нив гласале за левицата или за централистите.

А тоа значи само едно, многу подобра позиција за десницата на Ле Пен на следните избори. А една година ќе летне како ден. Дури и да не работат тие ништо во периодот што следи политичките ветувања најмногу како инфлација ќе ја подјадуваат позицијата на левицата. Токму и заради тоа некои аналитичари предвидуваат отцепување на некои помали партии кои можат да помогнат централистите да направат нестабилна, па дури и малцинска влада која постојано ќе биде уценувана од големи опозициски блокови.

Што треба да знаеме за Франција?

Франција е најголема држава по територија и е втора по обем економија меѓу сите држави членки на ЕУ

Франција е единствена држава која нема НАТО база на својата територија

Франција е европска нуклеарна супер сила и единствена држава во ЕУ која произведува нуклеарни воени подморници

Франција е најголем производител на струја во ЕУ и убедливо најголем производител на струја од нуклерни централи

Франција е втора по обем економија во рамки на ЕУ

Р.Ф.

foto EPA-EFE/ANDRE PAIN

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

БУДАНОВ: На списоците за егзекуција има наставници по украински јазик, новинари, научници

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....