Колкава е пензијата на една божица? Само 160 долари!
Објавено во: Стил
15 Јануари, 2014 20:26
Добивај вести на Viber
Девојчињата во Непал кои се избрани да ја претставуваат индуистичката божица Талеџа на земјата, уште познати како Кумари (што значи „девица“), веќе во пубертетот го губат тој статус. Но наскоро ќе добиваат месечна пензија од 160 долари.
Од новоусвоената одлука на непалската Влада ќе профитираат 10 поранешни „божици“.
„Иако повеќето Кумари девојчиња потекнуваат од добри семејства, ним им се ускратува многу важен период во животот и тие многу често заостануваат во нашето општество, кое се повеќе е натпреварувачки ориентирано“, изјавил претставник на непалската Влада.
Истовремено, Владата ќе се погрижи овие девојчиња да стекнат соодветно образование и пракса за да можат да се снајдат откако ќе го изгубат „божествениот“ статус. Традицијата на обожавање на живите божици Кумари во Непал потекнува од 17-от век.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: