КОЛКАВА ЗАШТИТА ДАВА ВАКЦИНАТА НА СИНОФАРМ: Жена го објави резултатот од антителата по втората доза
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2021 12:05
Во Србија голем
број граѓани ја примија првата доза од кинеската вакцина на производителот Синофарм, а во тек е
ревакцинација. По добивањето на двете
дози на вакцината, според
објаснувањата од имунолозите, организмот развива целосен имунитет на
корона вирусотот. Една Србинка тестираше дали е тоа вистина
и го сподели нејзиниот резултат на Твитер.
Имено таа направила тест за антитела само шест дена по апликацијата на втората доза од вакцината Синофарм. Нејзиното име е скриено во наодот, но јасно се гледаат експертите кои го извршиле тестот, како и датумот - 15 февруари.
Наодите јасно покажуваат дека жената има високи нивоа на антитела на САРС-CoV-2.
Граничната вредност на антителата кои покажуваат дали е изграден имунитет, а кој изнесува над 50 , кај неа вредноста на антителата е дури 866,8.
Sinopharm antitela šest dana nakon druge doze pic.twitter.com/91AMtg5UaB
— glupa ruka zakona (@spaskespasic) February 15, 2021
Ова откритие покажува дека вакцината на Синофарм е многу ефикасна во заштитата од Ковид-19, велат експертите, при тоа истакнувајќи дека најдобро е да се направи контрола на IgG-антителата две недели по рпимање на втората доза од вакцината.
Инаку, кон крајот на декември 2020 година, самата компанија Синофарм објави дека нејзината вакцина е ефикасна 79 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




