15 Јануари, 2025
0.0320

Колкави пари врти големата четворка македонски веледрогерии?

Објавено во: Економија 12 Април, 2018

Добивај вести на Viber

„Зегин“, „Еурофарм“, Промедика“ и „Д-р Пановски“ лани заедно имаат приход од речиси 121 милиони евра. Од тоа „Зегин“ сам има повеќе од половина од приходот, „Еурофарм“ има најголема добивка која изнесува 1,35 милиони евра, „Др Пановски“ има раст на добивка од 74 отсто во услови на намалени приходи, а „Промедика“ лани вработила најмногу нови по што е лидер во големата четворка

Четирите најголеми домашни веледрогерии лани имале приходи од 7,5 милијарди денари односно 120,9 милиони евра, покажуваат официјалните податоци кои „Фактор“ ги обезбеди од базата на Централниот регистар и се однесуваат на завршните сметки на веледрогериите: „Зегин“, „Д-рПановски“, „Про медика“ и „Еурофарм“. Овие 4 компании кои лани имале приход од над 120 милиони евра заедно вработуваат околу 320 лица.

Сите четири компании минатата година ја завршиле со добивка, а најголема добивка лани остварила „Еурофарм“ и таа изнесува 83,6 милиони денари. Најмала добивка има најголемата веледрогерија „Зегин“ и таа лани изнесувала 0,8 милиони денари.

„Зегин“ сам има поголем приход од другите три веледрогерии заедно!

Официјалните податоци покажуваат дека лани „Зегин“ имал вкупен приход од 3,77 милијарди денари (околу 60 милиони евра) и тоа е повеќе од збирот на вкупните приходи на „Про медика“, „Д-р Пановски“ и на „Еурофарм“.
„Зегин“ лани ги зголемил вкупните приходи за 380,5 милиони денари (над 6,2 милиони евра) во споредба со 2016 година. При тоа неговите вкупни расходи се 3,734 милијарди денари, а добивката е 0,8 милиони денари. Најголемата веледрогерија лани и покрај најголемите приходи има и најголем раст на расходите и заради тоа нејзината добивка е само 0,8 милиони денари. Во споредба со 2016 година добивката на „Зегин“ е помала 10 пати, зашто преклани изнесувала 8 милиони денари. Веледрогеријата „Зегин“ вработува 92 лица лани што значи дека просечно по вработен остварува приход од 41 милиони денари, а профитот е 8.700 денари по вработен.

„Еурофарм“ убедливо втор по пазарно учество и прв по добивка

Единствената битолска веледрогерија во големата четворка „Еурофарм“ лани остварила добивка од 83,6 милиони денари и бележи раст на добивката од 24 милиони денари односно 40 отсто во споредба со 2016 година. Оваа веледрогерија има убедливо и неспоредливо најголема добивка во споредба со другите веледрогерии. „Еурофарм“ има голем продор на пазарот според остварени приходи и лани тие достигнале 1,876 милијарди денари односно 30 милиони евра! Во споредба со 2016 година нејзините приходи пораснале за 248 милиони денари. Нејзините приходи лани пораснале за 15 отсто во споредба со 2016 година со што оваа компанија остварила поголем раст од „Зегин“. Оваа веледрогерија лани вработувала 91 лице и нивниот број е зголемен за 8 лица.

„Промедика“ ја надмина магичната граница за приход од 1 милијарда денари

Скопската веледрогерија „Промедика“ лани оствари вкупни приходи од 1,05 милијарди денари и со тоа направи подобар резултат од 2016 година за 145 милиони денари. Растот на приходот на оваа веледрогерија е во ранг на „Еурофарм“ и надминува 15 отсто на годишно ниво. Оваа компанија исто како и „Зегин“ бележи драстичен пад на добивката во однос на 2016 година кога добивката била 34,7 милиони денари, а лани била 1,9 милиони денари. „Промедика“ лани го зголемила бројот на вработени за 13 лица и на крај на 2017 година вработува 80 лица. Оваа компанија лани е лидер меѓу големите веледрогерии по бројот на нововработени лица.

„Д-р Пановски“ го намалил приходот, но ја зголемил добивката

Оваа е најмала според вкупни приходи во групата на големи домашни веледрогерии. Таа лани книжи пад на вкупните приходи за педесетина милиони денари и е единствена што има пад на приходите од продажба. Тие лани изнесуваат 778,5 милиони денари. И покрај тоа заради намалените расходи компанијата има добивка од 43,7 милиони денари и таа е за 18,6 милиони денари повисока од 2016 година. Таа бележи раст за 74 отсто во однос на 2016 година и по тоа е компанија со најголем процентуален раст на добивка. „Д-р Пановски“ лани имал 56 вработени што е за 1 вработен повеќе од 2016 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина