19 Декември, 2025
0.1427

ДАЛЕКУ НАТПРОСЕЧНИ: Колкави плати се делат во контролата на македонското воздухопловство?

Објавено во: Економија 11 Јули, 2024 11:08

Добивај вести на Viber

Просечната нето плата во центарот за контрола на летови „Македонски навигации“ лани изнесувала 2.480 евра, додека во Агенцијата за воздухопловство, која обезбедува лиценци за авио-компаниите, пилотите и аеродромите, личниот месечен нето доход за еден вработен во просек бил 1.380 евра во текот на минатата година.

Ова може да се провери во објавените ревизорски извештаи за работењето на двете контролни воздухопловни тела во 2023. М-НАВ за 310 вработени во текот на минатата година поделил 562 милиони денари, сума што останала речиси иста како и една година претходно за истиот расход. Toa значи дека во контролата на летови нема зголемување на платите и покрај тоа што имаше инфлација која тешко се контролира.

Агенцијата за воздухопловство во 2023 поделила за нето плати околу 82 милиони денари за 81 вработен. Платите се зголемиле за 15 отсто за една година, ако се суди по тоа што една година претходно за оваа ставка биле потрошени 70 милиони денари.

М-НАВ и Агенцијата за воздухопловство се финансираат од наплата на прелети на авио компаниите кои потоа им ги доделува федерацијата Eurocontrol. За „Македонски навигации“ минатата година следувале 20 милиони евра како основен приход, што било зголемување за 1,2 милиони евра најмногу поради растот на бројот на прелети. За Агенцијата за воздухопловство од наплата на прелети биле префрлени малку повеќе од 4 милиони евра. Зголемувањето на сумата за една година е за само околу 200 илјади евра.

М-НАВ остварил добивка од 703 илјади евра како вишок на средства, а кај агенцијата како регулатор останале 810 илјади евра како непотрошени.

Не е познато колкави биле платите и наградите на раководствата и членовите на одборите на двете воздухопловни институции.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии