29 Април, 2024
0.0309

Колку бакшиш се остава во различните држави!?

Објавено во: Стил 08 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ако од 10 до 100 денари се смета за нормален бакшиш во Македонија, во многу земји ваквата сума, но и бакшишот е поинаков. Така, во продолжение ви ги прикажуваме разликите помеѓу земјите во однос на тоа колкав процент од сметката треба да се остави како израз на благодарност кон персоналот: Египет Во Египет и во останатите земји од Северна Африка правило е да оставите 15% од сметката во ресторан. На чистачот и портирот во хотелот, пак, треба да оставите по едно евро. Кина Во Кина давањето бакшиш не е традиција, па на некои места дури може да биде прифатено и како непочитување. Во туристичките центри служат персоналот заработува околу десет проценти од сметката во ресторанот, чистач во хотелските соби околу 2-3 јуани (што е еквивалентно на околу 50 центи), а туристичките водичи - околу 1 долар. Франција „Le pourboire“, како што се нарекува бакшиш на француски, треба да биде оставен на масата, откако ќе се плати сметката. Се очекува да оставите меѓу 10 и 15 проценти од сметката. Во хотелите не очекуваат бакшиш, а таксистите добиваат околу десет проценти од цената на патувањето. Грција Во грчките ресторани се остава околу десет проценти. Во таверна, едно евро е доволно. Цената во таксито треба да се заокружи до горната бројка. Велика Британија и Ирска Во рестораните се остават 15% од сумата на сметката. Во Ирска се доволни и десет отсто. Тие се пресметани во сметката како „Такса за слижењето". Во пабовите можете да пиете пијалок на шанк, наместо да му оставите бакшиш на келнерот. Италија Оставањето бакшиш во Италија не е задолжително. Затоа пак често може да се судрите со таканаречената такса „coperto“ на сметката. Кој е многу задоволен, може да остави неколку монети на масата. Еспресо баровите исто така имаат мала табличка или каса во која може да оставите бакшиш. Јапонија Како во Кина, давање бакшиш во Јапонија не е традиција и на места со помалку меѓународни туристи може да се смета како навреда. За најдобрата услуга се заблагодарува со подарок, а во поголемите хотели - со еден до два долари. Австрија и Германија Во Германија и Австрија е прифатено да се остава меѓу пет и десет проценти бакшиш. Чистачите во хотелите добиваат две евра на ден, а портирот - едно евро. Парите треба да ги дадете лично на заминување. Португалија и Шпанија Оставање на монети од два и пет центи се смета за исклучително лошо во Португалија и Шпанија. Во рестораните на масата се остават големи монети и банкноти, што е еквивалентно на 10 или 15 проценти од сметката. Скандинавија Во Северна Европа услугата  во ресторани и хотели е вклучена во сметката со закон. Затоа и самите сметки се доста повисоки. Ако сте многу задоволни со услугата, може да оставите дополнителни пет проценти. Тајланд Тајланѓани се навикнати на западната практика. Се остава десет проценти од сметката, а ако сте оставиле помалку од десет бахти (еквивалентно на околу 50 центи), се смета за исклучително непристојно. Турција Да не се остави бакшиш во Турција се смета за голема непристојност(дури и зборот е турски). Во ресторан се остават десет проценти, а во други случаи може да се понуди и цигара. Во таксито се заокружува до повисоката сума, а за прислужниците и портирите се доволни и 50 центи. САД и Канада Бидејќи платите на услужниот персонал се многу ниски , да оставите бакшиш во САД и Канада е задолжително. 15 до 20% е прифатливо да оставите во ресторан. Дури и таксистите добиваат 15% бакшиш, а чистач и портир во хотели - по 1 канадски или 2 амарикански долари.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти