Колку чини Адам Смит во 21 век?
Објавено во: Стил
02 Септември, 2013 18:51
Добивај вести на Viber
Реткото оригинално издание на книгата „Богатството на народите" на Адам Смит, една од основите на модерната економија, ќе биде продадена на аукција на 4 септември во Единбург.
Се проценува дека цената може да достигне меѓу 30 000 и 50 000 фунти. Малку книги биле толку влијателни, а во исто време нивните автори да се толку непознати. Адам Смит (1723-1790) се смета за татко на економијата. Неговиот главен труд „Богатството на народите" се смета за актуелен и во денешно време.
„Богатството на народите" влијаеше на политичарите на своето време и ги постави темелите на интелектуалната мисла за слободната трговија и економски раст во 19 век ", се вели во претставувањето на аукциската куќа, соопшти Les echos каде се додава: „Смит исто така, создаде радикално ново разбирање за тоа како функционира човечкото општество.„Богатството на народите" не е само економски труд, но вистинска психолошка студија на животот, здравјето, политички институции, законот и моралот. "
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: