05 Декември, 2025
0.0393

Колку чини испраќање на еден астронаут во Вселената?!

Објавено во: Стил 01 Мај, 2013 11:38

Добивај вести на Viber

НАСА на Русија ќе и плаќа по 70,7 милиони долари за секој астронаут, кој руската вселенска агенција ќе го изведе во орбитата во 2016 и 2017 година, јави ДПА, со што цената на патувањето до Меѓународната вселенска станица е зголемена.

 Роскосмос и НАСА потпишаа спогодба за изведување во Вселената на шест американски астронаути, кои ќе бидат испратени во мисии во вселенска станица.

Цената согласно претходната спогодба, која важи до крајот на 2015 година, изнесуваше 62,7 милиони долари. Откако во 2011 година Американците ги „пензионираа“ своите вселенски летала, сега тие сметаат на рускиот вселенски брод „Сојуз“ за лансирање на астронаути.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: