(ФОТО) Колку чини најскапиот ресорт на светот?
Објавено во: Стил 03 Мај, 2019 18:36
Musha Cay на Бахамите во сопственост на Дејвид Коперфилд, чини 42.000 долари за една ноќ.
На островот Некер, во приватното одморалиште на Ричард Бренсон на британските Девствени Острови, 77.500 долари е за една ноќ.
Но, Banwa Private Island, ново одморалиште на Филипините, чини 100.000 долари за една ноќ и тоа е најскапиот островски центар во светот, објави cnbc.
Островското одморалиште лоцирано во архипелагот Палаван е на два часа од Манила.

На осамениот остров, постојат шест вили на плажа (кои имаат од една до четири спални), сите со приватен базен и џакузи. Исто така, постојат 12 градина соби, а островот може да прими до 48 лица.

Одморалиштето има целосен персонал на готвачи кои готват со зеленчук од органската фарма која ја имаат и рибите кои ги фаќаат од Море Сулу. Одморалиштето прави и сопствен мед. Листата на вино има шишиња чија цена е околу 36.000 долари.

Се организираат и многу активности како јога, тенис, едрење и слично.
фото cnbc
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





