15 Декември, 2025
0.0364

Колку чини титула доктор на науки во Македонија? Лани дури 64 странци се закитија со неа!

Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 07:32

Добивај вести на Viber

Дали е вообичаено една третина од сите лица што лани станале доктори на науки во земјава да бидат странци? Одговор нема, а нема ниту податок која високообразовна институција колку доктори на науки произвела. Но затоа се знае дека имаме нови 46 доктори на науки од областа на медицината, а 22 на бизнис и администрација, а право докторирале 13 лица. Наспроти нив има само по еден нов доктор на науки по математика и по физика

Македонските високообразовни институции лани произвеле 197 доктори на наукиа најинтересно е тоа што 64 од нив се странци! Ова укажува на заклучок дека македонските факултети и институции се на мета на ловци по докторски титули затоа што дури третина од сите кои лани станале доктори на науки на нашите факултети се странци.

Ова го покажуваат официјалните и јавно достапни податоци на Државниот завод за статистика објавени вчера и достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2023/2.1.23.08_mk.pdf

За жал Државниот завод за статистика нема статистика за тоа која домашна високообразовна институција колку доктори на науки произвела лани. Нивниот вкупен број лани е 197 и е за 2 отсто помал од претходната 2021 година.

Од 197 нови доктори на науки само 14 инжинери!

Официјалната државна статистика покажува дека само 7 отсто од сите нови доктори на науки лани се инженери. Од вкупно 14 инжинери доктори на науки тројца се градежници за нискоградба и високоградба, двајца се архитекти и урбанисти, еден е хемиски инженер и еден е технолог за преработка на храна.

ИТ факултетите лани произведоа единаесетмина софтвераши и тоа е добра вест, а петмина се нови доктори на науки за бази на податоци, мрежен инженеринг и дизајн.

Најбројни се медицинарите! Дури 46 медицинари лани станале доктори на науки, а од нив 23 се жени. На медицинска дијагностика докторирале 4 лица, а на нега и акушерство едно лице. Во областа на фармацијата македонските факултети произвеле петмина нови доктори на науки и сите тие се жени.

Бројни се и докторите на новноименуваниот корпус на дисциплини познат како науки за бизнис и администрација (кој опфаќа: сметководство, оданочување, финансии, банкарство, осигурување, менаџмент, администрација, маркетинг односно рекламирање)Ги има 22, а заедно со правниците се 35 доктори на науки од оваа хуманистичка гранка.

Затоа пак математика и физика докторало по едно лице лани, а на биологија и на хемија доктори на науки станале по 3 лица.

Вработените во образование по медицинарите лани се најбројни доктори на науки. Вкупно 42 лица кои работат во образованието лани станале доктори на науки. 

ФОТО: Rut Mit/Unsplash

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани