19 Април, 2024
0.0324

КОЛКУ ДЕНЕС ЧИНИ ИЗОЛАЦИЈА НА КУЌА, трошокот воопшто не е мал, но „топлите ѕидови“ се исплатат на долг рок

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во екот на една од најголемите енергетски кризи, која силно удира по џебот на граѓаните, стравот од смрзнати станови и домови се наметнува како сериозна грижа. Цените на гасот, но и дрвата, палетите експлодираа, што создава голема загриженост кај граѓаните за тоа колку средства ќе им бидат потребни за загревање на домовите во текот на зимата.

Експертите недвосмислено велат изолацијата е најпаметното и најдоброто решение за намалување на трошоците за греење, но прашањето е дали има доволо време, со оглед на приближувањето на ладните денови за инвестиции во топлинска изолација, но и дали граѓаните имаат финансии за инвестирање во изолација, со оглед на зголемените трошоци последниве месеци.

Топлинската изолација на објектите, според проценките на експертите, заштедува енергија и до 50 отсто, што значи дека со подобрување на изолацијата сметките за струја или количината на дрва и пелети потребни за затоплување на домот во текот на зимата ќе се преполоват.

Подобрувањето на изолацијата на објектите е многу добра инвестиција за намалување на трошоците за греење, но сега со оглед дека времето е променливо, врнежливо можеби е малку доцна. Сепак, тоа зависи што се поствува како изолационен материјал. Тешко би било ако некој сака да промени таван, и притоа да постави изолација како сто е минералната волна, или стиропор, бидејќи ако заврне, ќе се направи штета на отворен таван. Во случај да можат да постават минерална волна без да се вадат керамиди, тоа е една од инвестициите која овозможувам најмногу заштеда на енергија, бидејќи најмногу топлина се губи низ таванот – објаснува професорот Константин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефикасност МАЦЕФ.

Професорот посочува оти се зависи од објектот за кој се планира дополнување на изолацијата, и за да се зборува за висината на инвестицијата посочува оти е потребно да се види за каков објект станува збор, висина, квадратура, досегашна изолација ... Напоменува дека последнава година и цените во градежништвото се зголемени и дека сега подобрување на изолацијата на објектите е посериозна инвестиција.

Кај стиропорот имаме раст на цената, ако порано се поставуваше изолација за 20-30 евра за метар квадратен, денес таа е зголемена на околу 40 евра. Кај минералната волна мислам дека цените се уште се на слично ниво и таа може корисникот сам да си ја одбере има избор на пазарот, има и за помали цени, а со изолација на таваните може многу да се постигне. Кај изолацијата на ѕидовите препорачливо е да се поставува подебела изолација, по можност и 20 сантиметри стиропор кој ќе им даде поголема заштита на корисниците – објаснува Димитров.

Претставници на локална компанија за „Фактор“ појаснуваат дека интересот од граѓаните за подобрување на изолацијата изминативе години, па и оваа, не стивнува. Потврдуваат дека цените се пораснати, но велат поскапувањето на стиропорот не е толку големо како на другите градежни материјали.

Доколку корисниците се одлучат за поставување на изолација на куќа, подобрување на ѕидовите, цените почнуваат од 20 евра за метар квадратен за стиропор со дебелина од 5 сантиметри. За стиропор со дебелина 8 сантиметри цената чини 22 евра, додека пак за 10 сантиметри стиропор треба да се одвојат 25 евра по метар квадратен.

Грубите проценки велат дека ако имаме просечна големина на куќа од околу 60 метри квадаратни, и притоа има фасада околу 10 метри квадратни, за нова фасада која вклучува 10 сантиметри стиропор ќе им бидат потребни најмалку 2.500 евра. За посериозна инвестиција, или пак, за подебела фасада, која ќе им даде и поголема заштита, ќе бидат потреби и многу повеќе финансии.

Сепак, рекордни поскапувања на енергенсите, граѓаните, особено оние кои живеат во куќи, се доведуваат во позиција да размислуваат како што повеќе да ги намалат трошоците за греење. Во повеќето случаи, прекумерната потрошувачка на електрична енергија во текот на зимата или значително поголемите количини на цврсто гориво што се користи за загревање на домот се резултат на лошата или отсутна изолација на станбената зграда. Поради ова, топлинската изолација на куќата, иако не е евтина инвестиција, значително ги намалува сите трошоци во иднина.

Инволвираните во дејноста посочуваат дека поставувањето на топлинска изолација може да трае од пет до 25 дена, зависно од квадратурата на куќата, а ако станува збор за просек од 60 квадрати може да се заврши за седум до 10 дена. Нагласуваат дека идеални временски услови за работа се пролетните и есенските месеци, особено за фасада, односно на надворешна температура од 10 до 20 Целзиусови степени, се разбира без врнежи. Најдобар временски период за оваа работа, која е исплатлива за домаќинството поради намалувањето на другитњ трошоци, е април и првата половина на мај, но и септември и октомври.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји