17 Мај, 2024
0.0464

Колку дивиденда ќе даде „Комерцијална банка“

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Добивката по акција е 12,9 евра и тоа е за нијанса подобро од лани (најдобрата година досега н.з.) Иако очекувањата на дел од инвеститорската јавност беа поголеми сепак „Комерцијална банка“ ја има најдобрата година досега и две најдобри години во низа. А колку дивиденда може да чекаат инвеститорите сега зависи само од Централната банка

Најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“ лани успеа да оствари нова рекордна добивка од своето основање досега. Оваа банка лани успеа да оствари добивка од 29,4 милиони евра и тоа е за 450.000 евра подобар резултат од претходната 2018 година која за оваа банка беше најуспешна во нејзината корпоративна историја.
Иако дел од инвеститорската заедница очекуваше и подобар резултат мора да се признае дека 2019 година банката успеа да забележи раст на профитот во услови на зголемено кредитирање и генерален пад на каматните стапки.

Нето приходите од камати лани изнесуваат 39,1 милиони евра и се за незабележлива нијанса пониски од претходната година. Тоа намалување е компензирано во целост со значајното зголемување на приходите од провизии и надомстоци кои на нето основа достигнаа 15,4 милиони евра и се повисоки за 1,1 милиони евра во однос на 2018 година. Тие бележат раст за 7,7 отсто на годишно ниво и тоа не е резултат за потценување, напротив.
Значајно намалување има кај ставката останати приходи од дејноста. Лани итие изнесуваат 13,3 милиони евра, а претходната година беа за 9,9 милиони евра повисоки од 2018 година.

Значајно е да се истакне тоа што банката бележи намалување на износот за резервации и тој на крај на 2019 година година изнесува 9,6 милиони евра што е за 3,3 милиони евра помалку од 2018 година.

Значајно за истакнување и она што треба да им даде надеж на акционерите е фактот дека кредитното портфолио на банката е зголемено за 71,3 милиони евра лани до износ од 825,9 милиони евра.

Лани растело и вложувањето на банката во хартии од вредност. Нивниот износ достигнал 213,6 милиони евра и тоа е за 13,3 милиони евра повеќе од претходната година.

Депозитната база на „Комерцијална банка“ лани за прв пат ја надмина магичната граница од 100 милијарди денари. Лани на крај на година нивото на депозити на други коминтетни (со исклучок на банки) изнесува 1,74 милијарди евра и тоа е за 131,4 милиони евра повеќе од претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА