27 Април, 2024
0.0304

Колку дивиденда ќе подели „Стопанска банка Скопје“?

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Банката 2017 година ја заврши со нето добивка од 2,044 милијарди денари односно 33,08 милиони евра. Добивката по акција е 117 денари. Во споредба со 2016 година добивката на банката е помала за 195,7 милиони денари и тоа е резултат на зголемените резервации за кредитините пласмани

„Стопанска банка Скопје“ 2017 година ја завршува како втора најдобра година во својата долгогодишна работа. Добивката од работењето е за нијанса пониска од 2016 година која засега е најдобра година на оваа банка. Анализата на финансиските резултати и на билансите покажува дека „Стопанска банка“ има за нијанса послаб резултат од лани само заради тоа што има драстично зголемено ниво на резервации за кредитни пласмани. Или поконкретно, лани нивото на резервации изнесува 932,14 милиони денари, а за 2016 година тој износ бил за 441,2 милиони денари понизок. Многу е веројатно дека причина за зголемениот износ на резервации е всушност изложеноста на банката кон комбинатот „ФЕНИ“ каде „Стопанска банка“ е втор по големина доверител во предстечајната постапка. 

Од една страна акционерите на банката треба да бидат среќни затоа што се покажува дека кикс на толку голем клиент всушност може само толку малку да влијае врз крајниот резултат на работењето на банката. Со други зборови, доколку не би била изложеноста банката сигурно би го имала најдобриот резултат досега. Во прилог на овој заклучок одат и показателите достапни од извештајот за паричниот тек од кој се гледа дека лани банката впишала 1,49 милијарди денари резервации, а во 2016 година впишала 1,12 милијарди денари. Во минатата година банката отпишала 559 милиони денари резервации, а во 2016 година 67 милиони денари повеќе.

Како лани изработила „Стопанска банка Скопје“?

Нивото на нето приходи од камати лани е зголемено во однос на 2016 година и покрај тоа што се намалени вкупните приходи од камати во овој споредуван  период. Банката успеала да ги зголеми и приходите од провизии и од надоместоци до ниво од 981,8 милиони денари. Значаен раст има и кај останатите оперативни приходи кои се зголемени за 189 милиони денари односно за 55 отсто во однос на 2016 година. Банката лани успеала да оптимизира и со нефинансиските средства кои ги има на располагање и загубата на нивната вредност да ја намали за 28 отсто односно за 44 милиони денари во однос на 2016 година. Трошоците за вработени, амортизацијата и останатите трошоци од дејноста се во рамки на трошењата за тие ставки во 2016 година. Така банката стигнала до заработка по акција од 117 денари што е за 11 денари послабо од 2016 година. 

Кредитните пласмани лани се зголемени за 2 милијарди денари до ниво од 60,66 милијарди денари, а истовремено со тоа депозитната база достигна ниво од 70,88 милијарди денари што е за 2,6 милијарди денари повеќе од 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност