Колку е богат Владимир Путин?
Објавено во: Стил 19 Октомври, 2013 14:00
Авторите на извештајот, поранешниот претседател на владата кој повеќе пати е уапсен поради различни изговори, Борис Немцов и членот на движењето "Солидарност" Леонид Мартињук не се воздржуваат кога станува збор за богатството на Путин, но велат дека тоа можеби и не е така огромно како што многу луѓе мислат.
Двајцата опозиционери објаснуваат дека "причина поради Путиновото тежнеење да остане на власт е атмосферата на благосостојба и луксуз на кој е навикнат и кој категорично одбива да го дели со другите."
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека резиденциите, авионите и автомобилите се сопственост на државата и претседателот има законско право да ги користи.
Но, рака на срце, Путин и не е толку себичен во неговата страст кон рачните часовници, бидејќи два пати, како што може да се виде на видео снимките, го извадил сатот од раката за да му го даде на луѓето кои биле пред него, па така едно детенце и еден работник добиле сатови вредни повеќе од 9.000 долари.
Путин никогаш не се извинил поради тоа што ужива во привилегиите кои му ги донесува претседателската функција, бидејќи, како што изјави во 2008 година "Сите осум години работи како роб, од утро до мрак."
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





